Владимир Јаневски
Владимир Јаневски е роден 1969 година во Скопје. Во периодот од 1996 г. до 2002 г. студира на додипломски студии на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Во јули 2002 г. се стекнува со степен дипломиран етнолог на тема: Народната носија во Овче Поле. Во Јуни 2011 г. се стекнува со степен магистер по етнолошки науки, на тема: Етнолошки и етнокореолошки одлики на македонските традиционални народни ора - по избрани примери. Од 2011 г. е запишан на докторски студии во Институтот за фолклор Марко Цепенков – Скопје (тема: Етнокореолошка класификација на ората во Македонија)[1].
Своето професионално искуство го започнува во периодот од 1986 г. до 2001 г. како играч и пејач во професионалниот Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ од Скопје. Во периодот од 2001 г. до 2007 г. е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ на насоката за традиционална музика и игра. Од 2007 г. до 2010 г. се вработува како асистент на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во јули 2010 г. е избран за доцент[2] на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Денес ја извршува финкцијата на продекан[3] на Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Учествува на многу концерти и гостувања надвор од државата како ментор на учениците од ДМБУЦ и како пејач и играч во „Танец“.
Добитник е на повеќе награди:
- 2003 Награда за посебен придонес во презентацијата на народната култура, Во организација на „Модест“, Скопје.
- 2004 Прва награда на меѓународниот фестивал за етнографски филм во организација на Етнографскиот музеј од Белград за филмот Пишање на невеста.
- 2010 Нграда за особен придонес во популаризацијата на етнологијата и етнолошкото културно наследство, Македонско етнолошко друштво.
Членство:
- Од 1996 Член на Македонското етнолошко друштво, Скопје, Македонија.
- Од 2003 Член на International Dance Council, УНЕСКО, Париз, Франција.
- Од 2011 Член на Здружението на етнокореолози на Македонија, Скопје Македонија (позиција: Претседател).
Изложби:
- Народните носии од Штип и штипско, Завод и Музеј Штип, мај 2010 г. (автор).
- Young Brides, Old Treasures, Museum of International Folk Art, Santa Fe, New Mexico, септември 2011 г. (концепција и реализација).
Наводи
уреди- ↑ Мрежно место на доц. м-р Владимир Јаневски
- ↑ „Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност - „Наставници"“. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-06-06.
- ↑ „Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност - „За факултетот"“. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-06-06.