Виуела
Виуела (шпански: vihuela) — назив на разни гитаровидни жичени инструменти: еден шпански од XVI век, обично со 12 парни жици, и друг, мексиканска виуела, од Мексико во XX век со пет жици, изведувана од маријачи.
Шпанска виуела
уредиНекои сметаат дека виуелата е мошне стар претходник на денешната класична гитара. Во Италија и Португалија овој инструмент е наречен виола да мано (рачна виола).[1]. Двата израза се употребуваат подеднакво. Во својот најразвиен облик, виуелата била гитаролик инструмент со шест (двојни) жици направени од црева (утроба). Инструментот се штимал речиси како денепшната гитара, со исклучок на третата жица, која се штимала на еден полутон подолу. Впрочем штимањето шестожичената виуела е исто како штимањето на шестожичената лејта — 44344.
Тргачката виуела, во принцип лејта со рамно дно, еволуирала во средната на XV век во Кралството Арагон, североисточна Иберија (Шпанија). Во Шпанија и Италија (како и други околни кралства под нивно влијание) виуелата била често свирена во XV и XVI век.
Постоеле неколку видови на виуела (или барем различни методи на свирење):
- Виуела де мано — 6 или 5 парни жици свирена со прсти
- Виуела де пењола — свирена со перце
- Виуела де арко — свирена со гудало (предок на виола да гамба)
Штимање на виуела де мано со 6 парни жици (44344):
- G C F A D G
- C F Bb D G C
Употребата на виуелата бледнеела, заедно со комплексната полифонска музика на нејзиниот репертоар, во доцниот XVI век. Потомокот на виуелата кој сѐ уште се свират е т.н. виола кампаниса во Португалија. Барем дел од улогата и функцијата на виуелата била подоцна преземена од барокната гитара. Денес виуелата се користи за изведба на рана музика, со современи реплики на историски оригинали.
Изработка
уредиВиуелата е од лесна конструкција со рамни тенки даски, свиткани или закривени по потреба. Овој метод на изработка го разликувал инструментот од претходните вакви инструменти кои биле длабени од еден блок дрво. Покрај ова, страните и дното на обичните инструменти се правеле од повеќе виткани даски кои потоа се лепеле заедно.
Виуелата се правела во различни големини, како семејество инструменти. Тое се гледа и по репертоарот за различно наштиман дует, или пак едногласна изведба.
Инструментот варирал по изглед — речиси не постоела стандардизација или масовно производство. Општо земено, виуелата изгледала слично на денешната гитара. Првата генерација на виуели во средината на XV век имале остро вдлабнати страни, нешто како кај виолините. Втората генерација пак, започнувајќи од околу 1490 год, веќе го имала денес познатиот облик на бројот 8. И покрај ова моделите со „струк“ се користеле и во XVI век, заедно со поновите модели. Многу од раните виуели имале есктремно долги вратови, додека други имале пократки. Исто така во голема мера варирале украсите на врвот, бројот, обликот и поставеноста на резонантните дупки, отворите, длабените розети и др. Се користеле и повеќе стилово на глави.
Виуелата се грифира (свири со горна рака) слично како лејтите, со подвижни стапала завиткани околу грифот. Меѓутоа виуелата има десет стапала, додека лејтите само седум. За разлика од денешните гитари, кои користат челични или бронзени жици, виуелата има жици од црева, во парови. Звучноста на овие жици е многу различна од металните - помека и поблага. Шестожичената виуела се оптегнува на два начина: со 12 во 6 пара, или 11 двојни и една единечна најнапред, за највисок тон. Ваквите неспарени жици ги наоѓаме и кај лејтата и други рани гитари (ренесансна и барокна гитара).
Репертоар
уредиПрвиот кој издал музика за виуела бил шпанскиот композитор Луис де Милан, под насловот Libro de música de vihuela de mano intitulado El maestro (Музичка книга за виуела де мано со наслов „Мајстор“) во 1536. За нотација тука била користена бројчена таблатура, модел за денешната гитарска таблатура. Музиката лесно се изведува на денешна гитара со стандардно штимање (44434), или со мал осврт на класичното штимање на лејта и виуела (44344).
Еве ги сите испечатени книги со музика за виуела кои се останати денес:
- El Maestro од Луј де Милан (1536)
- Los seys libros del Delphin од Луис де Нарваез (1538)
- Tres Libros de Música од Алонсо Мудара (1546)
- Silva de sirenas од Енкрикез де Валдерабано (1547)
- Libro de música de Vihuela од Диего Писадор (1552)
- Orphénica Lyra од Мигел де Фуенлјана (1554)
- El Pamasso од Естеван Даса (1576).
Сочувани инструменти
уредиПостојат само три сочувани виуели:
Белешки
уреди^ Зборовите виуела и виола се етимолошки сродни.
Наводи
уреди- Ian Woodfield. "The Early History of the Viol", Cambridge University Press, 1984 (историја на виуелата, виола да гамба и гудачка виуела)
Медија
уреди- Не можете да ја чуете снимката? Видете помош со снимки.
Фантазија 13 | |
од Луис де Милан |
Надворешни врски
уреди- vihuelademano.com Александар Батов, изработувач на виуели и истражувач (англиски)
- За обновата на виуелата во XX век Архивирано на 5 декември 2008 г. (англиски)
- Слики Архивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)