Виолета Сабо
Виолета Сабо (фр. Violette Szabo; Париз, 26 јуни 1921 — Концентрационен логор Равензбрик кај Фирстенберг, 5 февруари 1945) — француско-британски агент на Управата за специјални операции (SOE) во текот на Втората светска војна. Пред крајот на војната Гермаците ја заробиле, испрашувале и на крајот ја депортирале во Концентрациониот логор Равензбрик, каде е убиена. Посмртно е одликувана со британскиот орден Џорџов крст, францускиот ордено Воен крст 1939–1945 и Медалот на Движењето на отпорот.
Виолета Сабо | ||
Violette Szabo IWM photo.jpg | ||
Роден на | 26 јуни 1921 | |
Роден во | Париз, Франција | |
Починал на | 5 февруари 1945 | |
Починал во | Концентрационен логор Равензбрик, | |
Животопис
уредиВиолета Сабо е родена како Виолета Рен Елизабет Бушел на 26 јуни 1921 година во Париз. Татко и бил Британец, возач во британската војска, а мајка и Францзинка, шивачка.[1] Раното детство го поминала во патувања помеѓу Париз и Лондон, но, кога имала единаесет години, нејзиното семејство се населило во лондонскиот дистрикт Стоквел. И покрај тоа што била доста ситна (според нејзината документација во СОЕ, околу 165 см) и многу привлечна, нејениот нарав бил далеку поробусен отколку што би можело да се каже врз основа на изгледот. Духовита и со силна волја, ја презирала рачната работа и домашните обврски, но можела да ги надмине своите браќа во сите атлетски дисциплини. Кога имала четиринаесет години го напуштила училиштето и се вработила како продавачка.
На почетокот на 1940 година Виолета се приклучила на жените доброволци но набргу ја променила одлуката и се вработила во фабрика за оружје. Во јули истата година го запознала Етјен Сабо (фр. Etienne Szabo), офицер во Легијата на странците од Марсеј, кој служел во силите на Слободна Франција на Шарл де Гол. Се венчале на 21 август, а неколку дена по венчавката Етјен заминува на задача.[1] Веќе следната година Виолета се пријавила во Женски помошен територијален корпус (Auxiliary Territorial Service), кој дејствувал со противавионска батерија. Во почетокот само собирала јаготки за една противвоздушна единица.[2] Во јуни 1942 година ја родила ќерката Тања (фр. Tania Szabo). Четири месеци подоцна Етјен загинал во акција, во текот на службата во Северна Африка, во Втората битка кај Ел Аламејн.[3] Етјен никогаш не ја видел својата ќерка.[2]
По загинувањето на мажот Виолета се заветила дека ќе го освети, па одлучила да конкурира во единицата за специјални операции. Нејзиниот течен француски ја направил идеален кандидат за тајна служба. Била британска разузнавачка офицерка, а нејзините мисии во окупираната Франција вклучувале диверзии и собирање на информации за нацистите од окупираните подрачја на Европа. Во текот на една акција фатена е и по испрашувањата одведена е во германски концентрационен логор за жени Равензбрик, каде е и погубена.[4]
Воени активности
уредиВо јуни 1943 година на Виолета и се пружила прилика да се приклучи на СОЕ. Го запознала агентот Хари Пулуве (фр. Harry Peulevé), кој веќе ја препоручил како можен регрут во Француската секција. Во текот на интервјто не и е прецизно објаснето шта би била нејзина работа, но јасно и биле претставени потенцијалните ризици. Ја прифатила понудата без двоумење и следниот месец е испратена во одборот на СОЕ за оценување на студентите.
По четири дена интензивни физички и психолошки тестови, одборот бил импресиониран од нејзината упорност и истрајност, но не и наизглед просечна интелигенција и недостаток на иницијатива. Вкупната оценка била прилично ниска, но доволна да ја помине групата за понатамошна обука, каде го започнала паравојната и командоска работа. Се испоставило дека е извонредно добар стрелец, дури меѓу најдобрите во групата, но инструкторите сметале дека со својот изглед делува премногу фаталистички. Го довеле во прашање и нејзиниот мотив за борба. Желбата за освета по загубата на саканата личност била разбирлива, но нестабилните постапки на еден агент можеле да ги загрозат животите на сите агенти во мрежата. Исто така ја оцениле како премногу темпераментна. Сметале дека и недостасува итрина, стабилност и финост, неопходни за живот во илегалство.
Со приближување на Денот Д (6 јуни 1944) се јавила итна потреба за повеќе женски курири. Виолета е префрлена на завршна обука за илегално делување на тајни агенти. На почетокот на годината добила повреда на глуждот при тренинзите за искакања со падобран, но сепак, по закрепнувањето и завршетокот на обуката, понуденa и е првата мисија. Требало да биде курир на агентот Филип Ливер (фр. Philippe Liewer) во Нормандија.[3]
Прва мисија
уредиОва било посебно опасна задача. Хари Пулуве всушност из Франција испратил порака за апсењето на еден агент во Руан. Ливер не смеел да ризикува и лично да отиде во Руан, па одлучил да отиде со Виолета во Париз и од таму неа да ја испрати да ја поправи штетата. Тоа било многу озбилна задача од улога на курир . После безбедното пристигнување во Франција на 6 април, Виолета заминала сама во Руан како било и планирано, патувајќи под лажен идентитет на секретарка под име „Корин Лирој” (анг. Corinne Leroy). Во текот на три недели внимателна истрага успеала да ги открие деталите за апсењето на СОЕ агентот и дознала од неколкумината преживеани што всушност се случило во Руан. Се испоставило дека пулувеовата порака не била претерана. Градот бил излепен со потерници со ликот на Ливер, а речиси стотина членови од Движење на отпорот паднало во рацете на Гестапо. Се вратила во Париз и му рапортирала на Ливер дека неговата мрежа на агенти и соработници потполно била разбиена. Двајцата на 30 април се вратиле со авион во Англија.
Во оваа мисија Виолета се покажала како способен и снаодлив агент и унапредена е во чин на заставник. По тоа доброволно се пријавила за втора мисија со Ливер.[3]
Втора мисија
уредиНоќта помеѓу 7 и 8 јуни со падобрани се спуштиле во Франција. Нивна цил била да изградат нова мрежа во Лимож. Виолета Сабо и член на локалното движење на отпорот Жак Дифур имале задача да ги саботираат нацистичките комуникациски канали, во текот на акцијата истовар на сојузниците во Нормандија. Не знаеле дека во нивниот правец се движела 2 СС оклопна дивизија на Рајхот, на патот за Нормандија.[3] Запрени се на германски контролен пункт кај градот Лимож. Кога им бил откриен идентитетот, потрчале кон блиското поле пуцајќи во германските војници. Некое време лазеле по полето, сè додека Виолета не можела понатаму поради умор и повредениот глужд. Иако Дифур сакал да и помогне таа не допуштала. Инсистирала на тоа да тој се обиде да побегне, бидејќи немало смисла двајцата да настрадаат. Дифур успеал да се спаси и подоцна сведочел за овој настан. Виолета продолжила да пуца сè додека, по половина час борба, не останала без муниција.Ја фатиле припадниците на СС дивизијата. Еден сведок подоцна раскажал дека тогаш на СС официрот му плукнала во лице.
Најпрво е одведена во затворот во Лимож. Дознавајќи од Дифур што се случило, нејзините соборци веднаш почнале да прават планови за нејзино ослободување, но Виолета била префрлена во Париз. Во затворот се претставувала како „Вики Теилор” (анг. Vicky Tailor), кој бил уште еден од нејзините лажни идентитети припремени во Лондон (унг. szab = кројач; анг. tailor = кројач). Била испрашувана во злогласното седиште на Зихерхајтсдинст на Авенијата Фош. Нема сигурни докази дека некого предала или дека била мачена.
Во август, заедно со уште агентки Дениз Блох и Лилијан Ролф и 32 машки затвореници, префрлена е во транзитниот логор Сарбрикен во Германија, кој се наоѓал непосредно до Француската граница. Кога нивниот воз го нападнале сојузничкитеавиони, три жени успеле да го напуштат својот одел и да им однесат вода на заробените мажи, што оставило длабок впечаток на преживените. По десет дена жените се префрлени во Концентрационен логор Равензбрик во северна Германија, а потоа во помал логор во Торгау. Тука Виолета за малку не успеала да побегне, но еден доушник во последен момент го спречил овој нејзин обид. Во октомври повторно ја преселиле, овој пат во напуштениот логор јужно од Кенигсберг (герм. Königsberg , денешен Калињинград). Тука логорашите биле ангажирани на изградба на авионска писта. Условите били брутални, а поради оштрата зима сите биле во лоша физичка состојба. Во јануари 1945 година Виолета и останатите агентки вратени се во Равензбрик, несвесни дека нивните судбини веќе се одлучени. Поразот на Германија се очекувал за само неколку недели и припадниците на СС дивизијата систематски ги елиминирале агентите на СОЕ, пред него што можеле да бидат ослободени. Погубена е на 5 февруари, 1945 година со пукање во тил. Истовремено со неа погубени се уште три агентки: Дениз Блох, Лилијан Ролф и Чесили Лефорт.[4] Телата потоа им се кремирани.
Крајот на војната донел хаос низ Европа. Стотина логори се ослободени, а судбината на повеќе илјади заробеници била сè уште непозната. Поради тоа не било познато ни што се случило со Виолета и СОЕ вложил голем напор обидувајќи се да и влезе во траг. Званично прогласување на виолетината смрт дошло по неколку недели, кога добиле сведочење на СС надзорникот во Равензбрик.[3]
Признанија и почести
уредиЗа херојство во високоризична мисија во окупираната Франција во текот на Втората светска војна посмртно е одликувана со францускиот орден Воен крст 1939–1945, Медал на Движењето на отпорот и со престижниот британски орден Џорџов крст. Една е од само три жени, припаднички на СОЕ на која и е доделен Џорџовиот крст. Останатите две се Нур Инајат Кан и Одет Халоус.[5] Виолетината ќерка Тања Сабо, која нема наследници, одлучила мајкините ордени да ги понуди на аукција, за да се решело прашањето на наследниците. Колекцијата на ордените на Виолета Сабо, заедно со придружната документација, оценета е како најважна колекција од Втората светска војна која се продава во Велика Британија. Понудена е по почетна цена од 300.000 фунти.[2]
На нејзината семејна куќа, во лондонскиот дистрикт Стоквел, 1981 година поставена е спомен-плоча. Нејзиното име се наоѓа на спомен-плочата на СОЕ во Равензбрик, во Бруквуд Меморијалниот центар во грофовијата Сари и на споменикот во црквата Св. Павле во Лондон. Во 2009 година избрана е и за симбол на споменикот на погинати агенти на СОЕ во Лондон. Во селото Вормелоу (анг. Wormelow), во грофовијата Херефордшир, постои Музеј на Виолета Сабо.[3] Во знак на сеќавање на Виолета Сабо и жителите на Стоквел кои ги дале своите животи во Втората светска војна, на 26 јуна 2001 година , на ден на нејзиниот 80 роденден открен е мурал. Муралот го осмислиле и насликале уметниците Брајан Барнс и Марија Харја Херис, врз основа на дизајнот на учениците на стоквелското училиште. На пригодна свеченост, организирана по повод на овој настан, муралот го отворила глумицата Вирџинија Мекена, воу присуство на виолетината ќерка Тања Сабо.
За нејзината неверојатна храброст напишани се три биографски книги, а во 1958 година снимен е филмот Нејзиното име исклесајте го со гордост (Carve Her Name With Pride), во кој насловната улога ја играла Вирџинија Мекена.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Виолета Сабо“. Други светски рат. Архивирано од изворникот на 2020-11-10. Посетено на 19. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „JUNAŠTVO NAJLEPŠE ŠPIJUNKE Pucala je dok je imala metke, a kad su je uhvatili pljunula je oficiru SS u lice“. Blic. 4. 7. 2015. Посетено на 18. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Violette Szabo“. Nigel Perrin (енглески). Архивирано од изворникот на 2019-06-21. Посетено на 18. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) - ↑ 4,0 4,1 „NAJLEPŠI ŠPIJUN SVIH VREMENA: Pucala je u naciste do poslednjeg metka, a onda uradila nešto JOŠ HRABRIJE“. Dnevno.rs. 7. 2. 2017. Посетено на 18. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Noor Inayat Khan: remembering Britain's Muslim war heroine“. Guardian. 23. 10. 2012. Посетено на 20. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
Литература
уреди- Minney, Rubeigh James (2012). Carve Her Name with Pride.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Ottaway, Susan (2014). Violette Szabo: The Life That I Have.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Szabó, Tania (2015). Young, Brave and Beautiful: The Missions of Special Operations Executive Agent Lieutenant Violette Szabó, George Cross, Croix de Guerre avec Étoile de ... Cross, Croix de Guerre avec Etoile de Bronze.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уреди„Виолета Сабо“ на Ризницата ? |
- „10 špijunki koje zaslužuju svoje filmske franšize“. Vox feminae. 22. 3. 2015. Посетено на 20. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - „Žene lavice: Najhrabrije špijunke u Drugom svetskom ratu“. Press - online media. Press Online. Архивирано од изворникот на 17. 11. 2019. Посетено на 17. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - Čukić, Tamara (29. 5. 2016). „PILOTKINJE, ŠPIJUNKE, OTPORAŠICE One su bile heroine Drugog svetskog rata“. Blic. Посетено на 17. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - „Njih pet su najbolji špijuni među ženama“. Super žena. b92. 29. 5. 2015. Посетено на 17. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)