Оваа статија е за област во Украина, не за регионот околу градот Виница во Македонија.
Виничка Област
Вінницька область
Знаме

Местоположба
Карта на Украина, Виничката област е означена со црвено
Информации
Админ. центар:Виница
Официјални јазици:украински
Површина:26.513 km²
Население:1.628.040 (01.12.2012)
Број на реони:27
Регистерска ознака:AB
Областен управител:Валериj Коровиj


Виничката Област (украински: Вінницька область; се нарекува и Виничина - украински: Вінниччина) е област во југозападниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Виница.

Географија уреди

Виничката Област има вкупна површина од 26.513 км2 (4,4% од Украина). На запад се граничи со Черновечката и Хмелничката Област, на север со Житомирската, на југ со Одеската област и Молдавија, на исток со Киевската, Кировоградската и Черкаската област. Во областа има 1.495 села и 18 градови. Најголеми реки се: Днестар и Јужен Буг.

Демографија уреди

 
Катедрална црква во Тулчин

Според пописот на населението во 2001 година, во Виничката Област живеат најмногу Украинци (91,5%), а останатите се Руси (5,9%), Евреи (1,4%), Полјаци (0,4%), Белоруси (0,26%), Молдавци (0,2%).

Реони уреди

Надворешни врски уреди