Вил Кларк (велосипедист)
Вилијам Кларк (германски: William Clarke; р. 11 април 1985) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1]
Кларк на Четири дена Динкерк 2011 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Вилијам Кларк |
Прекар | Голем коњ / Вилбур (Big horse / Wilbur) |
Роден | 11 април 1985 Кемпбел Таун, Тасманија, Австралија |
Висина | 1,92 м |
Маса | 81 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Лидл-Трек |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | специјалист за хронометар |
Аматерски клубови | |
2008–2010 2010 | Пратис Аг2р-Ла Мондијал (стажант) |
Професионални клубови | |
2011 2012 2013 2014–2016 2017-2018 2019-2020 | Леопард Трек Чемпион Систем Аргос-Шимано Драпак Профешанл Сајклинг Канондејл-Драпак Трек-Сегафредо |
Последна промена 20 октомври 2022 |
Тој не е поврзан со сонародникот и поранешниот колега Сајмон Кларк. Вилијам Кларк има поврзаност со австралискиот политичар и стопанственик Вилијам Џон Тарнер Кларк.
Кариера
уредиКларк се родил, пораснат и престојува на неговата семејна фарма во близина на Кемпбел Таун на островот Тасманија, Австралија. Кларк возел како стажант со Аг2р-Ла Мондијал во 2010 година во Светската турнеја, додека имал договор со Џенезис Велт Адвајзерс (2008–2010) во Океанската турнеја.[2] Во 2011 година потпишал договор со Леопард Трек,[3] пред да ја помине сезоната со Чемпион Систем во 2012 година,[4] и со Аргос-Шимано во 2013 година.[5]
Кларк, потоа, се придружил на Драпак Профешанл Сајклинг за сезоната 2014,[6] негова петта различна екипа во пет сезони. По три сезони со Драпак Профешанл Сајклинг, Кларк се вратил во Светската турнеја со Канондејл-Драпак, возејќи со нив до крајот на 2018 година. Потпишал со Трек-Сегафредо,[1] за сезоните 2019 и 2020, враќајќи се во екипата за која настапувал во 2011 година.
Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[7]
Достигнувања
уреди- 2008
- 1. Класик Гулбурн до Сиднеј
- 2009
- 5. Океански хронометарски првенства
- 2010
- 3. Краен пласман Трка околу Тајван
- 4. Национално хронометарско првенство
- 2012
- 1. Етапа 2 Тур Даун Андер
- 1. Пролог (ITT) Трка околу Јапонија
- 5. Национално друмско првенство
- 8. Трка околу Келн
- 2014
- Трка околу Иран
- 1. Етапа 1 (ITT) Трка околу Јапонија
- 1. Пролог (ITT) Тур де Кумано
- 2. Океански хронометарски првенства
- 5. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 2015
- 1. Пролог (ITT) Хералд Сан Тур
- 2016
- Трка околу Тајван
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 3 Волта а Португал
- 1. Пролог (ITT) Хералд Сан Тур
- 1. Пролог (ITT) Трка околу Австрија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|
Џиро | — | — | 141 |
Тур | — | — | — |
Вуелта | 157 | — | — |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Trek-Segafredo announce official 2019 rosters for men and women“. Trek Bicycle Corporation. Intrepid Corporation. 27 декември 2018. Посетено на 5 јануари 2019.
- ↑ Johnson, Greg (13 јули 2010). „Australia's Clarke lands Ag2r stagiaire role“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 јануари 2013.
- ↑ Farrand, Stephen (3 ноември 2010). „Denifl, Clarke and Feillu join the Luxembourg Pro Cycling Project“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 јануари 2013.
- ↑ van Eyck, Xylon (22 октомври 2011). „Will Clarke leaves Leopard Trek for Champion System“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 4 јануари 2012.
- ↑ „Argos-Shimano completed by Parisien“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 октомври 2012. Посетено на 2 јануари 2013.
- ↑ „Драпак објави три нови лица“. Cyclingnews.com. Future plc. 21 октомври 2013. Посетено на 17 декември 2013.
- ↑ „2019: 102nd Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 8 May 2019.
Надворешни врски
уреди- Вил Кларк на Ризницата ?
- „Достигнувања на Вил Кларк“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Вил Кларк“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Вил Кларк“. ProCycling.