Вилијам Роуан Хамилтон
Вилијам Роуан Хамилтон (англиски: Sir William Rowan Hamilton, 4 август 1805 - 2 септември 1865) — ирски физичар, астроном, и математичар, кој направил значаен придонес во класичната механика, оптиката, и алгебрата. Неговиот најпознат придонес во математичката физика е презапишување на Њутновата механика, која е наречена Хамилтонова механика. Ова дело има централно значење во модерното учење на класичните теории како што електромагнетизмот, како и за развојот на квантната механика. Во математичките води, тој е најмногу познат како изумителот на кватернионот.
Вилијам Хамилтон | |
---|---|
Вилијам Роуан Хамилтон (1805–1865) | |
Роден(а) | 4 август 1805 Даблин |
Починал(а) | 2 септември 1865 Даблин | (возр. 60)
Живеалиште | Ирска |
Националност | Ирец |
Полиња | Физика, астрономија, и математика |
Установи | Тринити колеџ, Даблин |
Образование | Тринити колеџ, Даблин |
Ментори | Џон Бринкли |
Познат по | Хамилтонов принцип Хамилтонова механика Хамилтонов оператор Хамилтон-Јакобиева равенка Кватерниони Бикватерниони Хамилтонов пат Набла симбол Версор Тензор Хамилтоново векторско поле Општа алгебра Ходограф Хамилтонова група Кејли–Хамилтонова теорема |
Влијание од | Џон Т. Гривс |
Влијаел врз | Зера Колбурн Питер Тејт |
Поважни награди | Кралски медал (1835) |
Живот
уредиНаучната кариера на Вилијам Хамилтон започнала со изучување на геометриската оприка, класичната механика, адаптација на динамички методи во оптички системи, примена на квантернионски и векторски методи за проблемите во механиката и во геометријата, развојот на теориите на конјугирани алгебарски функции (во кој комплексните броеви се конструирани како парови на реални броеви), решливост на полиномни равенки и општи „петостепени“ полиноми кои се разрешени преку корените, анализа на променливи функции (како и идиете од Фуриевата анализа), линеарни оператори на „кватерниони“ и докажување на линеарни оператори во просторот на „кватернионите“ (кој е специјален случај на главната теорема која денес е позната како Хамилтонова теорема).
Оптика и Механика
уредиХамилтон направил значаен придонес во оптиката и класичната математика. Неговото прво откритие во почетокот е трудот кој му го предал на д-р Бринкли во 1823 година, кој го презентирал под наслов „Каустика (Caustics)“ во 1824 година пред комисијата на Ирската кралска академија . Во нивниот извештај се признава неговата новина и вредност и се препорачува натамошно развивање и поедноставување пред да биде објавен. Помеѓу 1825 и 1828 година трудот нараснува до огромна големина, пред сè поради барањата на комисијата ќ што пак придонело одликите на новиот метод лесно да се согледаат. Во овој период Хамилтон мислел дека не се целосно разбрани природата или важноста на оптиката, што предизвикало кј него намера да ги примени своите методи во динамичката оптика.
Во 1827 Хамилтон ја претставил теоријата на една функција, сега позната како Хамилтон-Јакобиева равенка, кој ги обединува механиката, оптиката и математиката, со што се помогна да се воспостави брановата теорија на светлината. Тој за првпат го предвидел ова својство на свтлината во третиот додаток на неговто дело „Системи на зраци“ (Systems of Rays), во 1832 година. Вториот и третиот дел се појавиле во три томни додатоци (кон првиот том) кои беа објавени во истити трансакции, а и во два записи.
Чекор напред во делот за динамичката оптика со примена на методот на „променливи дејства“ бил направен во 1827 година и истиот бил доставен до кралското друштво и подоцна објавен во Филозофските трудови на друштвото во 1834 и 1835 година во форма на два труда на оваа тема, како што се „Системи на зраците,“ кои прикажуваат негово владеење со симболите и употреба на математичкиот јазик. Заедничка нишка која се протега низ целата оваа работа е принципот на Хамилтон на „променливи дејства“. И покрај тоа што содржи анализа на варијации може да се каже дека и припаѓа на општата класа на проблеми кои се во согласност со принципот на најмало дејство проучуван порано од страна на Пјер Луј де Моперти, Леонард Ојлер, Жозеф-Луј Лагранж, и други. Анализата на Хамилтон открила многу подлабока математичка структура отколку што се мислело, особено во делот на симетрија меѓу импулсот и местоположбата. Парадоксално, заслугата за откривање на записите кои сега се наречени Лангранжијан и Лангранжови равенки му припаѓа на Хамилтон. Со напредокот на Хамилтон, во голема мера се зголеми обемот на механички проблеми кои можеле да се решат, особено во делот на динамиката по работата на Исак Њутн и Лагранж. Многу научници, вклучувајќи ги Жозеф Лијувил, Јакоби, Дарбу, Поенкаре, Андреј Колмогоров, и Владимир Арнолд, ја прошириле работата на Хамилтон, со што се зголемило и познавањето на механиката и диференцијалните равенки.
Математички студии
уредиМатематичкото знаење на Хамилтон се чини дека е целосно развиено без каква било помош, а резултатот е тоа што неговите дела не припаѓаат на некоја особена „школа“. Не само Хамилтон бил експерт аритметички калкулатор, се чини дека истиот повремено се забавувал со пресметување на резултатот на некоја пресметка до огромен број на децимали. На возраст од само 8 години, Хамилтон го видел Зера Колберн, кој бил наречен американско „пресметувачко момче“, кој во тој период бил изложен како реткост во Даблин. По две години студирал Хамилтон наишол на латински ракопис од Евклид а пак на 12 години го читал Њутновото дело Универзална аритметика „( Arithmetica Universalis)“ дело преку кое се запознал со современите анализи. Хамилтон наскоро почнал да чита делото Принципи, а на 16 години Хамилтон владеел со голем дел од него, како и некои делови од понапредните делови на аналитичката диференцијална геометрија и анализа.
Кватерниони
уредиГолем придонес Хамилтон направил и во математичките науки со неговото откритие на кватернионите во 1843 година. Сепак во 1840 година, Родриг Олинд веќе имал постигнати резултати и откритија, но без назив и име..[1]
Хамилтон барал начини за проширување на комплексни броеви (кои ги гледал како точки на дводимензионална рамнина) кон повисоките просторни димензии. Тој не успеал да најде корисен тридимензионален систем во современото именување познат како тело, но во работата со четири димензии ги создадал кватерниони. Хамилтон, на 16 октомври го нашол решението во овлик на равенката:
Поими наречени според Хамилтон
уреди- Хамилтонови равенки — запис за класичната механика.
- Хамилтонов принцип — Хамилтон-Јакобиева равенка.
- Хамилтонов оператор (хамилтонијан) — име на функцијата во класичната механика и операторот во квантната механика.
Објавени дела
уреди- Hamilton, William Rowan (Royal Astronomer of Ireland), "Introductory Lecture on Astronomy". Dublin University Review and Quarterly Magazine Vol. I, Trinity College, January 1833.
- Hamilton, William Rowan, "Lectures on Quaternions". Royal Irish Academy, 1853.
- Hamilton (1866) Elements of Quaternions University of Dublin Press. Edited by William Edwin Hamilton, son of the deceased author.
- Hamilton (1899) Elements of Quaternions volume I, (1901) volume II. Edited by Charles Jasper Joly; published by Longmans, Green & Co..
- David R. Wilkins's collection of Hamilton's Mathematical Papers Архивирано на 30 мај 2013 г..
Белешки
уреди- ↑ Simon L. Altmann (1989). „Hamilton, Rodrigues and the quaternion scandal“. Mathematics Magazine. 62 (5): 291–308. doi:10.2307/2689481. JSTOR 2689481.
Наводи
уреди- Hankins, Thomas L. (1980). Sir William Rowan Hamilton. The Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-2203-2., 474 pages—Primarily biographical but covers the math and physics Hamilton worked on in sufficient detail to give a flavour of the work.
- Graves, Robert Perceval (1882). „Life of Sir William Rowan Hamilton, Volume I“. Dublin University Press.
- Graves, Robert Perceval (1885). „Life of Sir William Rowan Hamilton, Volume II“. II. Dublin University Press. Наводот journal бара
|journal=
(help) - Graves, Robert Perceval (1889). „Life of Sir William Rowan Hamilton, Volume III“. II. Dublin University Press. Наводот journal бара
|journal=
(help)
Надворешни врски
уреди- MacTutor's Sir William Rowan Hamilton. School of Mathematics, University of St Andrews.
- Wilkins, David R., Sir William Rowan Hamilton. School of Mathematics, Trinity College, Dublin.
- Wolfram Research's William Rowan Hamilton
- Cheryl Haefner's Sir William Rowan Hamilton Архивирано на 14 август 2003 г.
- 1911 Britannica Hamilton
- Hamilton Trust
- The Hamilton year 2005 web site Архивирано на 16 јуни 2013 г.
- The Hamilton Mathematics Institute, TCD Архивирано на 31 декември 2015 г.
- Hamilton Institute
- Hamilton biography Архивирано на 11 март 2009 г.