Википедија:Уредувачки натпревари/Олимписки игри

Уредувачки натпревар на тема „Олимписки игри“

 

од 1 до 30 ноември 2015 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Олимписки игри“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Олимписки игри“.

Натпреварот почнува на 1 ноември 2015 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 ноември 2015 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците имаат слобода во рамките на зададената тема при одбирање на темата на статијата за која ќе пишуваат. Во натпреварот влегуваат:

  • основните списоци и статии за Олимписките игри;
  • статии за поединечни Олимписки игри;
  • статии за спортовите на Олимписките игри (на пр. „Пливање на Летните олимписки иигри“ итн.);
  • статии за спортови на поединечни Олимписки игри;
  • статии за земји учеснички на Олимписките игри; и
  • статии за олимпијци кои освоиле медал.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од Олимписките игри). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи

уреди

Додајте го своето име доколку сакте да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~).

  1. --Б. Јанкулоски (разговор) 18:41, 31 октомври 2015 (CET)[одговори]
  2. --Инокентиј (разговор) 19:27, 31 октомври 2015 (CET)[одговори]
  3. --Тиверополник (разговор)
  4. --TheGreatMKD (разговор) 11:41, 5 ноември 2015 (CET)[одговори]
  5. --Ehrlich91 (разговор) 19:31, 6 ноември 2015 (CET)[одговори]
  6. --M4r51n (разговор) 10:47, 8 ноември 2015 (CET)[одговори]

Предлози за статии

уреди

Членови на жирито

уреди
  1. Kiril Simeonovski
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку порака на корисникот Ehrlich91.

Награди

уреди

I награда

уреди

Вредносен купон во вредност од 400 евра во денарска противвредност.

II награда

уреди

Вредносен купон во вредност од 200 евра во денарска противвредност.

III награда

уреди

Вредносен купон во вредност од 100 евра во денарска противвредност.

Резултати

уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 2.040
2 TheGreatMKD 705
3 Инокентиј 600
4 Bjankuloski06 63
5 Ehrlich91 57
M4r51n 0