Википедија:Селска чешма/Архива 20

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 20


Хаклаб КИКА

уреди

Благодарение на пријателите од Слободен Софтвер Македонија, имаме можност да го користеме Хаклабот КИКА за наши активности. Договорено е секој вторник од 19.30 па натаму, до кога ќе има потреба, слободно да се користат просториите и опремата на Хаклабот, се разбира со строго почитување на веќе воспоставениот куќен ред. Сите википедијанци имаат можност да дојдат во тој термин и да се дружат меѓу себе, а по малку нешто и да работат. КИКА располага со интернет конекција, со неколку компјутери, кои може да се користат за работа, а секој кој има лаптоп може слободно да си го понесе со себе и таму да работи. Покана до сите википедијанци и пријатели на википедија да се дружат секој вторник со почеток во 19.30 и желба за поголеми постигнувања и остварување на нашите цели. Поздрав. --brest (разговор) 09:14, 12 јули 2012 (CEST)[одговори]

После неврзаниот разговор кој го имавме во вторникот со присутните во КИКА, изнесовме некои идеи и побаравме нивна помош за нивна реализација, а поврзано со Python API-то за MediaWiki. Нам ни се потребни програмери кои би ни помогнале околу нашите барања за бот, т.е. да напишат различни програмчиња кои би работеле како ботови, би генерирале различни статии на македонската верзија на Википедија врз база на дадени предлошки и податоци. Беше спомната и идејата за лексичка анализа на статиите, како и статистика и обработка на природни јазици en:Natural_language_processing. Веќе е договорено во четврток, 12 јули 2012 година со почеток во 20.00 часот во КИКА да се дружиме, да им објасниме на програмерите што сакаме и да направиме некои работи од взаемна корист. За повеќе инфо види ја објавата на Сподели Знаење - spodeli.org. Поканети се сите википедијанци за присуство на денешната заедничка средба. Секако си останува секој вторник во 19.30 резервиран за активности на википедијанците по сопствен избор. --brest (разговор) 09:14, 12 јули 2012 (CEST)[одговори]

Одлично! И за просторот, и за ботовите, со кои би можеле да средиме многу работи. --Brainmachine (разговор) 12:25, 12 јули 2012 (CEST)[одговори]

Категорија

уреди

Здраво. Во категоријата Музички групи има две исти подкатегории: Супер групи и Супергрупи. Не знам како е правилно напишано, па би сакал некој да ми каже за да ги пренасочам статиите и да може да се избирше едната. Kekev (разговор) 02:27, 16 јули 2012 (CEST)[одговори]

 Ок Готово — Јас сите статии ги преместив во Категорија:Супергрупи. Ти благодарам што го посочи ова. --Brainmachine (разговор) 18:22, 18 јули 2012 (CEST)[одговори]

Шаблон ОскарФилм

уреди

Во статиите каде што е употребен шаблонот ги дава јазичните врски како на статијата, така и на шаблонот. Во првите статии од шаблонот јас го смествував најдолу за прво да го даде интервикито од статијата, а потоа од шаблонот. Сепак, потребо е да се среди истиот. Kekev (разговор) 18:51, 18 јули 2012 (CEST)[одговори]

 Ок Ја поправив грешката во шаблонот и сега повеќе не се појавуваат и врските на другите јазици за шаблонот.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:09, 18 јули 2012 (CEST)[одговори]

Дали да ја вклучиме опцијата за создавање на книги (Extension:Collection) и PDF (Extension:PDF Writer)?

уреди
  Решено. Вклучувањето на додатоците беше побарано и добиено. Можете да ги испробате преку новопојавените врски од левата страна, „Печати/извези“. Се надевам дека ќе ви се допаднат :) --Brainmachine (разговор) 02:33, 26 јуни 2012 (CEST)[одговори]
 

Многу други јазични изданија имаат алатник лево со наслов Print/export кој овозможува да се направи книга (Create a book) од повеќе вики-страници (објаснување на англиски: en:Help:Books) и да се симне одредена страница во .PDF формат (Download as PDF).

Овие можности се документирани од МедијаВики во mw:Extension:Collection (можноста за симнување на PDF, mw:Extension:PDF Writer, доаѓа во комплет со Extension:Collection).

Јас сметам дека овие алатки ќе им користат на читателите, а притоа не отвораат никаква дополнителна работа на уредувачите. Ако сакате да ги вклучиме, прво да треба да се согласиме (долу, ве молам, кажете дали се согласувате, или имате нешто против). Ако сите сме за, ќе поднесам барање на Bugzilla за вклучување. --Brainmachine (разговор) 20:43, 27 мај 2012 (CEST)[одговори]

Да, сакам да се вклучи оваа опција
Не, имам нешто против ова (објасни)
  • /
Одлука

Мислам дека помина доста време откако беше изнесен предлогот и очигледно е дека заедницата го поддржува воведувањето на оваа можност. Следен чекор е да се поднесе барање за воведување на алатката.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:28, 18 јули 2012 (CEST)[одговори]

Предлог

уреди

Можеби сум нов член и имам напишано само неколку статии и неколку промени но би сакал да придонесам со некои идеи уште сега. По интернет читам во каква состојба е Википедија глобално , со се поголем пад на активни корисници и промени. А македонската треба уште повеќе да работи , бидејќи англиската или франзуската ќе продобијат на автори и луѓе кои ја разбираат тематиката на Википедија брзо. Не сакам да звучам негативно но мислам дека 58,000 статии се малку , а да не го броиме квалитетот на голем број на статиите. Да ги погледнеме статистиките на словенечка Википедија , која има 130,000 статии а државата како држава има приближно ист број жители. Но настрана сето тоа , поважен е квалитетот. Мислам дека модераторите и администраторите треба да се групираат , така што:

-еден ќе чита вести и ќе ги ажурира статиите (особено доколку важна личност умре , да се смени некоја година итн.)

-еден треба да пази на членовите кои не ја разбираат Wikipedia (што не е чудно бидејќи целата Wikipedia изгледа малку сложена од перспектива на еден просечен човек , како тоа секој може да пишува , леле хаос , од кај да знам дали овој линк има квалитет за да биде навод итн.) и не им испрати некој линк од упатство кое нема ни да го разберат , туку да им објасни се со внимание

-еден ќе работи на дизајнот на mk wikipedia така што ќе биде едноставно да се создаде страница без претходно искуство (а и новиот WYSIWYG едитор што почнаа да го зборат по медиумите ќе треба да се имплементира кога ќе излезе)

-еден кој етички ќе гледа дали се извршуваат сите работи на оваа википедија , бидејќи барем на англиската википедија сум забележал кога некој ќе се потруди да направи страница но нема да стави квалитетни кутии и наводи , некој изнервиран модератор ќе му ја избрише целата страница а членот нема никогаш повторно да помага во развојот; исто така еден член кој морално донесува одлуки и е признат со неговите многу награди и придонеси според мене има многу поголема важност во гласање за нови модератори бидеќи знае правилно да цени отколку некој нов модератор

  • исто така потребна е листа од статии кои мора да се напишат на Википедијава што се важни за Македонија , како (пример давам , некои од странициве постојат):

историја: Пердика/Александар/Филип/Египет/комитопулите/манастири/цркви/ТМОРО/ВМРО/Нијазибег/Младотурска револуција/BW1/BW1/WW1/WW2/југославија

храна: гравче тавче/ајвар/македонска салата/македонско месо

па се до војска на македонија/аеродроми/споменици/жичари

Ви благодарам :) Filipdimitrovski (разговор) 14:31, 19 јули 2012 (CEST)[одговори]

Здраво, Филип! Прво, фала што одвои време да дадеш мислење за твоето искуство како корисник/уредувач/читател, оти ретко кој го прави тоа и немаме повратни информации за проблемите кои насетуваме дека луѓето ги имаат.
Точно е дека нашава енциклопедија е мала. Секогаш е подобро да имаме повеќе и поквалитетни статии, а за тоа ни требаат повеќе уредувачи (како тебе), кои ќе пишуваат нешто. Овде лежи зајакот: треба да привлекуваме нови корисници кои ќе уредуваат! Повеќе уредувачи> повеќе содржина+поквалитетна содржина> повеќе читатели> повеќе уредувачи> ... Но, како што кажа, Википедија изгледа сложена за просечниот човек, а ова е бариера која го попречува целиот процес.
Како да ја направиме Википедија поедноставна и попријателска за уредувачите? Точно е дека пристапот со WYSIWYG, кој Викимедија моментално го развива, многу би ја олеснил работата, меѓутоа, тоа не зависи од нас, туку кога ќе го имплементираат, ќе го имплементираат на сите јазични изданија. Прашањето е, што би можеле да направиме во меѓувреме?
На пример, јас се обидов да ја преведам/напишам оваа страница Википедија:Вашата прва статија. Меѓутоа, добив добив фидбек дека овој ѕид од текст изгледа страшно за новиот уредувач и дека ретко кој може да ја прочита. И во право беше тој што ми го кажа ова! Го имам направено почетниот курс, но не сум сигурен дали некој го чита и дали воопшто му помага на некого. На англиската Википедија има article wizard - волшебник за создавање статии, но некако се сомневам дека ќе биде од помош. Најверојатно треба да напишеме упатства кои се многу кратки и сликовити. Имаме идеја да направиме и видео за уредување, но сега за сега без успех. Навистина ни требаат мислења и идеи во врска со ова — на кои места заглавуваат новите корисници? --Brainmachine (разговор) 15:19, 19 јули 2012 (CEST)[одговори]


Почетниот курс изгледа малку страшно , не привлекува за читање. Видео со специјална типографија и визуелен приказ подкрепен со аудио е дефинитивно подобро ќе влијае на новите корисници. Претпоставувам првата пречка за почетниците е тоа што е Википедија , како што напоменав во првата порака. Низ училиштата и факултетите можете да забележите како професорите не ја разбираат оваа платформа. Многу гласини „е како ќе верувам на Википедија кога секој може да ја промени“. Освен за придонесувачите , ова е важно за секој читател на Википедија. Што е тоа непроверена статија , што е статија што и недостасуваат наводи , што е никулец и така натаму.
Ако успееме да донесеме повеќе придонесувачи сигурен сум дека ќе се зголеми квалитетот бидејќи ќе имаме поголема моќ и корисниците ќе можат да забележуваат грешки и да ги поправаат. На крај , па тоа е и поентата на Википедија.
77.28.160.23 (разговор) 15:35, 19 јули 2012 (CEST)[одговори]
Најпрво би сакал да му се заблагодарам на Филип за првиот коментар. Морам да се согласам дека работите се навистина такви и мора да се поработи да се промени она што ни е препуштено нам да го промениме како заедница на Википедија на македонски јазик. Моето мислење ќе поделам во неколку делови, врз основа на некои работи коишто веќе ги имаш наведено:
  1. Бројот на статии се чини дека не претставува никаков релевантен критериум, со оглед на значењето на квалитетот на содржината во тие статии. Многу пати досега имало иницијативи да се започне со средување на бројните статии на кои им е потребно внимание (пример), кои за жал не вродиле со никаков плод. Можеби во иднина ќе произлезе нешто во врска со ова, но засега не може да се пофалиме со ништо во тој домен, освен со самоиницијативно учество на некои корисници и средување по некоја статија.
  2. Поделбата на корисниците по одделни задачи кои ќе ги извршуваат ми се допаѓа и е нешто коешто пред неколку години делуваше со успех. Ова може лесно да се обнови, но само доколку има заинтересираност кај активните корисници. Важно е што ние не можеме да одолееме на работи коишто не зависат од нас и за чиешто спроведување се потребно многу средства и труд (промени во начинот на уредување и користење на Википедија), но можеме подобро да се оргаизираме и да го подобриме квалитетот на Википедија на македонски јазик. Главниот проблем досега е организацијата и доколку се постигне напредок во тој поглед, убеден сум дека тогаш ќе дојде и до зголемување на целокупниот квалитет.
  3. Споредбата со Википедија на словенечки јазик мислам дека не е најсоодветна, бидејќи опфаќа надмоќ само во поглед на бројот на статии. Доколку се направи квалитативна споредба со статиите кои излегуваат на главната страница и списоците со долги статии, тогаш ќе може да се забелжи дека квалитативното ниво за толку поголем број на статии не е вистински одраз на квалитетот. Најдобар пример според мене е Википедија на грчки јазик, каде што има околу 70.000 статии, но просечниот квалитет е многу поголем во споредба со многу јазични изданија со над 100.000 статии. Јас би рекол дека доколку се земат предвид бројот на статии, просечниот квалитет, бројот на активни корисници кои придонесуваат и бројот на говорници на јазикот, Википедија на македонски јазик е во групата на јазични изданија со среден или средно-висок квалитет.
  4. Прашањето во врска со тоа дали читателите ѝ веруваат на Википедија или не има едноставен одговор. Тоа е маркетингот на енциклопедијата и како истата ќе им ја претставиме на нејзините читатели, меѓу кои најчесто се вбројуваат учениците, студентите и професорите. Ако успееме да ја промовираме Википедија како нешто на коешто треба да се верува и убедеме што е можно поширока група на читатели, тогаш сигурно прифаќањето на Википедија ќе биде на високо ниво. Има случај со земји во коишто и изданија на Википедија со послаб квалитет имаат постигнато успех во тој поглед. Во изминатите неколку години се трудиме да одржиме што е можно поголем број на предавања на факултетите низ Македонија, со цел да ее запознаат главните целни групи со тоа што навистина претставува Википедија и како истата треба да се користи. Не може да се пофалиме дека сме постигнале некој голем успех, но резултати на завидн ниво се забележливи кај некои од целните групи. Слични предавања ќе продолжат да се одржуваат и во иднина, а целта ќе биде опфаќање на што е можно поширока група на луѓе.
Се разбира дека станува збор за многу поширока тема и најдобро би било да се разгвоара за истата в лице, така што би ти препорачал да присуствуваш на Вики-средбите, коишто редовоно се одржуваат и на коишто може да се запознаеш и со останатите корисници на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:23, 19 јули 2012 (CEST)[одговори]

Help decide about more than $10 million of Wikimedia donations in the coming year

уреди
 

(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it)

Hi,

As many of you are aware, the Wikimedia Board of Trustees recently initiated important changes in the way that money is being distributed within the Wikimedia movement. As part of this, a new community-led "Funds Dissemination Committee" (FDC) is currently being set up. Already in 2012-13, its recommendations will guide the decisions about the distribution of over 10 million US dollars among the Foundation, chapters and other eligible entities.

Now, seven capable, knowledgeable and trustworthy community members are sought to volunteer on the initial Funds Dissemination Committee. It is expected to take up its work in September. In addition, a community member is sought to be the Ombudsperson for the FDC process. If you are interested in joining the committee, read the call for volunteers. Nominations are planned to close on August 15.

--Anasuya Sengupta, Director of Global Learning and Grantmaking, Wikimedia Foundation 22:16, 19 јули 2012 (CEST)[одговори]

Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)

Предавање за Википедија на Микросам Академија

уреди
 
Предавање на Викимедија Македонија пред студентите на Микросам Академијата во Прилеп.

Здраво на сите, само да ве информирам дека утре Викимедија Македонија ќе одржи предавање за Википедија во просториите на Микросам Академија во Прилеп, со почеток во 14:00. Повелете!--FlavrSavr (разговор) 22:40, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]

За оние што ги интересира, краток извештај од предавањето може да прочитаат на mk.wikimedia.org --brest (разговор) 05:57, 25 јули 2012 (CEST)[одговори]

Повеќе барања

уреди
  1. Треба да се избрише категоријата „Филмови засновани на вистински натани“ - заменета е со категорија:Филмови засновани на вистински настани,
  2. Да се избрише категоријата „Филмови засновани на книги“ - заменета е со категорија:Филмови засновани на книги,
  3. Да се избрише категоријата „Филмови со оскар за најдобар филм“ - заменета е со категорија:Добитници на оскар за најдобар филм,
  4. Да се избрише категоријата „Филмови на „20th century fox““ - заменета е со категорија:Филмови на 20th century fox (без наводници),
  5. Да се избрише категоријата „Филмови на Алфред Хичкок“ - заменета е со категорија:Филмови режирани од Алфред Хичкок,
  6. Во шаблонот „ОскарФилм“ да се додаде 2010-ти каде што ќе биде преместен филмот „Говорот на кралот“ (2010) и ќе биде додаден филмот „Артистот“ (2011),
  7. Исто така, треба се подигнат сликите, но јас немам пристап за да би го направил тоа. Доколку е некој во можност нека ги прикачи на соодветните филмови. Поздрав Kekev (разговор) 18:55, 2 август 2012 (CEST)[одговори]
 Ок Готово — Ги средив барањата 1-6, а за подигањето на сликите, ти дефинитивно имаш пристап за тоа, а јас имам направено еден многу едноставен начин како да се подигаат филмски плакати и наскоро ќе ти ја објаснам постапката. --Brainmachine (разговор) 19:40, 2 август 2012 (CEST)[одговори]
Подоцна приметив дека имало и друга статија за „Дожден човек“. Го префрлив текстот, па сега би требало да се избирше и статијата „Дожден човек (филм)“. Kekev (разговор) 01:15, 3 август 2012 (CEST)[одговори]
Овој филм кај нас е познат под насловот Дождовен човек, па затоа ја преместив статијата во Дождовен човек, а останатите наслови пренасочуваат до овој. --Brainmachine (разговор) 13:38, 3 август 2012 (CEST)[одговори]