Полошко-кумановска епархија

Полошко-кумановската епархија била епархија на МПЦ, која го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија. Нејзин надлежен епархиски архијереј бил митрополитот Кирил од 1971 година, па сè до јуни 2013 година.

Територии на епархијата од нејзиното основање па до 2013
Карта на епархиите во Македонија од нејзиното основање па до 2013.

По смртта на митрополитот Кирил, епархијата престанала да постои, со тоа што била поделена на две нови епархии: Тетовско-гостиварска и Кумановско-осоговска.[1]

Епархијата се состоела од пет aрхиерејски намесништва, во кои има 218 цркви, 36 манастири,[2] 54 параклиси и 194 места каде се поставени крстови, а на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.

Најпознати манастири уреди

Епархијата обединувала околу 200.000 верници, православни христијани. Преку петте архијерејски намесници и преку црковните и манастирските настојателства, се координирале работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор. Административно-организационата дејност се извршувала од страна на надлежниот епархиски архијереј г. Кирил и секретарот на истата, протоѓагонот Вичко Гочевски.

Оваа епархија имала над 40 активни свештеници и неколку пензионери.

Изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и парастоси. Над поголем број цркви и манастири биле извршени сеопфатни санациони и реставраторски работи.

Најголем проблем со кои оваа Епархија се соочувала се огромните пустошења и штети кои се направени во текот на 2001 година, кога се ограбени, осквернети и опожарени околу 30–тина цркви и неколку манастири, меѓу кои манастирот на Свети Атанасиј Велики во с. Лешок, кој бил миниран и до земја разрушен, како и манастирот на Пресвета Богородица во с. Матејче.

Наводи уреди

  1. „Две нови епархии на место Полошко-кумановската“. Архивирано од изворникот на 2013-06-22. Посетено на 2013-06-19.
  2. БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТ КИРИЛ

Поврзано уреди