Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 18:39, 31 мај 2010 (CEST).
Ја предлагам оваа статија, затоа што е оригинална и не е едноставно превод на некоја од другите јазици. Корисев руска литература, предавања од Униврзитетот Преторија а исто така цитирав и неколку статии од англиски и германски медуми. Збогатена е со многу фотографии кои дополнително го илустрираат предметот на статијата, и е интересна за читање. Статијата ја подготвував скоро два месеца. Ве молам да ја изгласаме и да покажеме какви специјализирани статии сме подготвени да правиме.--Модернист (разговор) 18:39, 31 мај 2010 (CEST)[одговори]
Урбанизмот е дисциплина која се занимава со решавање на задачите од областа на планирањето и уредувањето на населените места. Етимолошкиот корен на зборот урбанизам доаѓа од латинскиот збор urbs (македонски: град).
Главни задачи на Урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина.
Урбанизмот во една држава е детерминиран од општественото уредување, степенот на развој на производствените сили, културата и науката, природно-климатските услови, и националните особености на државата.
Како цели на урбанизмот можат да се набројат: создавање на ред во населените места, реконструирање на делови од градот кои се нефункционални, создавање на еднакви возможности, стимулирање на развој и економски подем, зголемување на нивото на пристап (поврзување на инфраструктура и јавен транспорт со важни институции и јазли во урбаните места), создавање на компактни населби, зголемување на продуктивноста и ефикасноста на населените места, спречување на неконтролиран развој преку користење на контролни механизми.
Првите обиди да се воспостави некаков ред во планирањето и градењето на населените места датираат уште од средината на 3. милениум п.н.е. во градовите на древните цивилизации кои се протегале подолината на реката Инд (2500-1500 п.н.е.). Сите овие градови имале правоаголна улична мрежа како и отворени пространства (плоштади). (Дознајте повеќе...)
Супер што вака постапил корисник, што сам ај изработил статијата. Но објективно, имаше неколку печатни грешко што не е ништо страшно ги средив, туку на моменти има некои нелогични реченци, кои можат многу да збунат. Исто така употребата на Индустријална револуција, треба да биде Индустриска. Не не ништо страшно само посочувам бидејќи е нов корисникот. Туку да не одам оф-топик сакам да прашам дали е правилно Древно време како една епоха или Антика. Бидејќи често е преведувано како Древен Рим, Древна Грција, а по логика би било Стара Грција, Рим... --Макс(разговор)20:16, 5 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Макс ти благодарам и на тебе и на Кирил Симеоновски што направивте ревизија на статијата. Да не беше твојот напор, статијата ќе сè уште ќе имаше правописни грешки. Но многу ме интересира да ми кажеш зошто, и КАДЕ мислиш дека има нелогички реченици? П.С. На литературен македонски се вели Древен Свет. Антички свет е поколоквиален термин кој доби замав по 90те. Поздрав, и уште еднаш благодарам Макс.--Модернист (разговор) 10:35, 7 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Двете можат да бидат изгласани, едната ќе биде наредната недела, другата статија следната недела. Значи две недели = две статии. --НиколаСтоіаноски 13:06, 4 јуни 2010 (CEST) Никола, не се секирај, јас прво гласав за Григор Прличев статијата да биде избрана за глана статија, па дури откако статија за Прличев доби доволно гласови, дури тогаш ја номинирав урбанизам за избрана статија. Значи Анти-американист очигледно е во забуна, никој не сака да ја замени Прличев статијата со некоја друга статија - напротив јас гласав за неа. Поздрав. --Модернист (разговор) 10:41, 7 јуни 2010 (CEST)[одговори]