Википедија:Избрана статија/2008/51
Жак де Молеј (се проценува околу 1244–5/1249–50 – 18 март 1314) бил 23. и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312. Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносни војни. Без преостанати крстоносни држави на кои би им била потребна заштита од витезите, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Францускиот крал Филип IV Убавиот, со намера да го преземе водството, го напаѓал редот. По донесувањето на папската була Pastoralis Praeeminentiae на 22 ноември 1307, од неговиот пријател, папата Климент V, со која се наложувало темпларите насекаде да се апсат, де Молеј и уште многу други темплари биле уапсени. Во текот на следните 7 години биле држени во затвор и измачувани, за да признаат дека се кривоверци. Кога Молеј подоцна го негирал признанието, и ги прозвал пред Бога Филип IV и папата, кралот наредил Жак де Молеј, заедно со Жофроа де Шарне да бидат спалени на клада на 18 март 1314, на островот Ил де ла Сите, во Париз. (повеќе...)