Википедија:Барања за оценувачки статус/Ajta
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за оценувачки статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (6/0/0); Закажано да заврши во 18:06, 8 мај 2011 (UTC)
Ajta (разговор • придонеси) – Мислам дека корисникот одлично придонесува во збогатвуањето на содржините на Википедија на македонски јазик и има стекнато доволно искуство да може совесно да ја извршува улогата на оценувач. Kiril Simeonovski (разговор) 20:06, 1 мај 2011 (CEST)[одговори]
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како оценувач. Се препорачува да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Кои се причините поради кои решивте да се номинирате за оценувач?
- О: Иако, искрено, никогаш не сум размислувал да се номинирам за оценувач, сепак го прифаќам предлогот на Кирил Симеоновски за таквата моја номинација. Сметам дека ќе можам позитивно да придонесам во натамошното унапредување и подобрување на македонската Википедија.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О: Па, се трудам колку што можам да напишам добра статија, без разлика од која област е, или пак да дополнам или доуредам нечија статија, за која сметам дека не ги задоволува основните критериуми на Википедија. Инаку, сметам дека мој најдобар придонес е што сум редовен уредувач (и покрај фактот што имам малку слободно време за тоа) на статии, имајќи предвид дека малку луѓе кај нас сакаат да работат нешто на волонтерска основа. Никогаш не сум го сакал сопственото самоистакнување (самофалење) за нешто што сум го направил во животот, но кога веќе е поставено прашањето, една од моите лични сатисфакции на Википедија е што верувам дека нејзините корисници се задоволни кога ќе прочитаат нешто за она што ги интересира, а за тоа објаснување и јас сум дал скромен придонес. Моето лично задоволство беше големо кога статијата Западно римско царство беше изгласана за избрана статија.
- 3. Колку често ги отворате скорешните промени?
- О: Најмалку еднаш дневно.
- 4. Дали сте запознаени со основните проблеми на Википедија поради кои оценувањето е неопходно?
- О: Па, искрено не многу, но претпоставувам дека тие проблеми се поврзани со спамерството или со луѓето кои се склони да пишуваат секакви глупости само за да уништат нечиј труд или благородна идеја.
- 5. Дали досега сте отстранувале туѓи уредувања и дали некој отстранил Ваши уредувања? Како сте постапиле со другите корисници, на кои сте им го направиле и кои Ви го направиле тоа?
- О: Досега не сум отстранил туѓо уредување (иако сум забележал повеќе кандидати за такво нешто), зошто сметам дека сечиј труд треба соодветно да се валоризира, а нечија намера да помогне околу проширувањето на Википедија, посебно македонската, никогаш не треба однапред да се отфрла, без разлика колку квалитетно го прави тоа тој некој. Се разбира има и такви случаи кога нечие уредување навистина не заслужува да се најде овде, па би требало целосно или делумно да се отстрани. Обично кога ќе забележам такво нешто се трудам самиот да го поправам или дополнам. На оние, пак, кои остраниле, т.е. поправиле некое мое уредување, никогаш не сум им се лутел, зошто секогаш сум добивал реално објаснување зошто тоа било направено и со таквото објаснување и самиот сум се согласувал.
Општи коментари
уредиВе молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уреди- --Никола Стоіаноски 13:29, 3 мај 2011 (CEST)[одговори]
- --Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 3 мај 2011 (CEST) Потребни ни се активни оценувачи, а корисникот мислам дека доста зрело и искусно им пристапува на работите и одлично ќе ја извршува работата.[одговори]
- --Тиверополник (разговор) 17:46, 3 мај 2011 (CEST)[одговори]
- --Wikimk (разговор) 17:50, 3 мај 2011 (CEST)[одговори]
- --Б. Јанкулоски (разговор) 12:28, 4 мај 2011 (CEST)[одговори]
- --Vasil1234 -РАЗГОВОР :) 02:23, 7 мај 2011 (CEST) оваа функција требаше одамна да му биде доделена на корисникот (според мене)[одговори]
Против
уредиВоздржани
уреди- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за оценувачки статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница наоваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.