Леда
Леда – лик од старогрчката митологија, ќерка на кралот на Етолија, Тестиј и жена на кралот на Лакедемонија, Тиндареј. Се мета дека таа била Немесида.[1]
Митот за Леда
уредиСпоред преданието, Зевс се вљубил во Леда, но никако не можел да ја освои. Затоа, тој се претворил во лебед и така успела да ја придобие нејзината љубов. Како плод на таа љубов, се изнеле две јајца: од едното се родила Хелена, а од другото близнаците Кастор и Полидеука. Според друга верзија, само Хелена и Полидеука биле деца на Зевс, додека Кастор и Клитеместра биле деца од бракот на Леда и кралот Тиндареј.[2]
Леда како мотив во уметноста
уредиМитот за Леда и лебедот бил инспирација за многу сликари, како: Леонардо да Винчи, Веронезе, Тинторето итн.[2] Исто така, митот за Леда нашол свое место и во поезијата: Така, една песна на англискиот поет В. Б. Јејтс се вика „Леда и лебедот“ (Leda and the Swan).[3][4]
Наводи
уреди- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 181.
- ↑ 2,0 2,1 „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 100.
- ↑ W. B. Yeats, „Leda and the Swan“, во: Kenneth Allot, ed., The Penguin Book of Contemporary Verse 1918 – 60. Harmonsworth, Middlesex, UK: Penguin Books, 1962, стр. 45.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 128.