Веселинка Маџарова
Оваа страница можеби ги исполнува критериумите за брзо бришење . Наведената причина за бришење: нема значајност за да поседува статија на Википедија. Критерумите за бришење ќе ги најдете на КЗББ. Ако оваа страница не ги исполнува критериумите за брзо бришење, или ако планирате да ја поправите, ве молиме отстранете ја оваа ознака, но не ја отстранувајте оваа ознака на страници кои самите сте ги создале. Ако сте ја создале оваа страница и не се согласувате со предложеното брзо бришење, ве молиме додадете:
директно под оваа ознака, и објаснете зошто верувате дека оваа статија треба да биде избришана на нејзината страница за разговор. Ова ќе ги алармира администраторите да не ја бришат страницата и да ви дадат време да го напишете своето објаснување. Администратори: проверете врски, историја (последна) и дневници пред да бришите.
|
Веселинка Маџарова e родена 1974 во Велес Македонија. Таа е македонски солист. Вработена е како професор по музичко образование во ООУ„Васил Главинов“ во Велес.
Веселинка Маџарова | |
---|---|
Роден(а) | 1974 Велес Македонија |
Националност | Македонка |
Образование | професор по музика |
Животопис
уредиМаџарова основно музичко училиште завршила во тогашното училиште „Киро Димов“ денес училиштето го носи името ООМУ „Стефан Гајдов“ во Велес каде учела свирење на пијано. Својот талент продолжила да го надоградува со запишувањето во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ -Скопје, таа дипломирала на Факултетот за музичка уметност отсек: вокално - инструментален, група: соло - пеење во класата на професор Благоја Николовски и БилјанаЈовановска–Јакимовска, a подоцна и на отсек: наставно теоретски, група: музичка педагогија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Настапи и учества
уредиКако средношколец и студент по соло пеење континуирано учествувала на концерти како солист организирани од Факултетот за музичка уметност, настапи со Македонска филхармонија и солистички концерти. Добитник е на неколку награди од натпревари по соло пеење и учествувала на повеќе мастер класи по соло пеење во Италија, Хрватска и Полска. По дипломирањето во континуитет продолжила со солистички и концертни активности во земјата и надвор од неа. Маџарова има соработка со градскиот камерен оркестар во Велес и член е на трио „Окарина“ и трио „Дамар“.
Во својата музичко педагошка дејност со учениците постигнала завидни резултати и со училишниот хор на ООУ „Васил Главинов“ има над 10 регионални и републички први награди. Во својата долгогодишна музичка кариера учествувала и во формирањето на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ со кој како диригент раководи веќе 13 години. Под нејзино раководство хорот има добиено 13 меѓународни награди од коиː две трети награди, три втори награди и седум први награди. Добитник е на повеќе награди на меѓународни хорски натпревари од кои на три натпревари Маџарова е прогласена и за најдобар диригент.
Meѓународни натпревари со хорот „Св. Кирил и Методиј“:
уреди- 21.09.2015 – Меѓународен натпревар на хорски ансамбли „Музика и море“ во Катерини Р. Грција, трето место;
- 11.05.2016 - Републички натпревар на детски и младински хорови на Р. Македонија, прво место;
- 01.10.2016 - Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, Р. Црна Гора, второ место.
- 10.05.2017 - Меѓународен натпревар „Звучит Москва“ во Москва, Русија, хорот освоил први награди;
- 10.02.2018 - меѓународеннатпреварнадуховнамузика Гродно, Белорусија, второ место;
- 13.05.2021 - Меѓународен хорски натпревар „Мајске музичке свечаности“ Бијелина, Босна и Херцеговина;
- 11.12.2021 - Меѓународен хорски натпревар „Мелодианум“ Кикинда, Р. Србија, онлајн натпревар три први места;
- 24.04.2023 – 28 Меѓународен младински хорски натпревар[2] на Хабанери, Тореавјеха, Шпанија освоена трета награда;
- 20.04.2024 – 43. Меѓународен натпревар Хајновка „Денови на православната црковна музика“ Хајновка, Полска. прва награда.
Авторски дела:
уреди- Автор на музика за две театарски престави за деца „Царската ќерка мразулка“ и „Патување;
- Автор на пет учебници за музичко образование во основно образование;
- Автор три прирачници за настава по музичко образование за одделенска и предметна настава;
- прв електронски препис на Литургија за мешам хор од Атанас Бадев[3];
- мала збирка на духовни композиции за детски/женски хор;
- откупена хорска композиција на меѓународен натпревар во Белорусија - 2018 год.
- графички дизајн и музичко уредување на две хорски збирки;
- рецензент на две музички изданија.
Одликувања и признанија
уреди- Признание за најдобар просветен работник на општина Велес - 2010;
- Пофалница на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“[4] за придонес во развојот на музичката култура во општина Велес - 2016;
- Орден за црковни заслуги на Македонска православна црква 2018 год.;
- Спомен - плакета за посебен придонес во развојот на велешката и македонската музичка уметност и култура во државата и надвор од неа, 2019 год.
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиhttps://24.mk/details/nedelen-miks-razgovor-so-veselinka-madzarova
Детски хор „Св .Кирил и Методиј“ го освои третото место на Фестивал во Шпанија
- ↑ „Хорот ,,Св. Кирил и Методиј,, втор на фестивал во Турција“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-10-30.
- ↑ Вечер (2023-05-05). „Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј" од Велес со трето место на фестивал во Шпанија | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-10-30.
- ↑ „Промовирано печатено издание на Литургијата на Бадев“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-10-30.
- ↑ 1,1 илј. прегледи · 49 реакции | Тропар на Сретение Господово | Настап на младинскиот хор на Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“ на фестивал во Белорусија, кадe што го освоија второто место. Композицијата на... | By Повардарска епархија | Facebook, Посетено на 2024-10-30