Венигзен
Венигзен (службено познат како: Венигзен (Дајстер); германски: Wennigsen или Wennigsen (Deister)) — општина во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во близина на ридскиот масив Дајстер, околу 15 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер.
Венигзен | |
Општинското собрание на Венигзен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Кристоф Мајнеке (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 53,78 км2 |
Надм. височина | 99 м |
Население | 14.216 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 264 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30974 |
Повик. бр. | 05103, 05109, 05105, 05045 |
Портал | www.wennigsen.de |
Местоположба на Венигзен во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°16′27″N 9°34′15″E / 52.27417° СГШ; 9.57083° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината Венигзен (Дајстер) се наоѓа на ридскиот масив Дајстер. Сместена е на околу 15 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер и припаѓа на историската област Каленбершки крај, која се наоѓа помеѓу Дајстер и реката Лајне. Највисока точка на подрачјето на општината, но и на целиот регион Хановер, е на 405 метри на Брен. Најниската точка изнесува 69 метри, на вливот на потоците Венигзер Милбах и Бреденбекер Бах во местото Ефешторф.
Соседни општини
уредиВенигзен се граничи со следниве градови (од север надесно): Герден, Роненберг, Шпринге и Барзингхаузен.
Градски единици
уредиОд општинската реформа во 1972 година, општината Венигзен се состои од следниве осум единици:
- Аргесторф (321 жител)
- Бреденбек со Штајнкруг (3.401 жител)
- Дегерзен (2.128 жители)
- Ефешторф (322 жители)
- Холтензен (1.299 жители)
- Зорзум (590 жители)
- Венигзен со Валдкатер (5.899 жители)
- Венигзер Марк (1.204 жители)
Историја
уредиДатумот на основање на Венигзен е непознат. Можно е да е населен помеѓу V и VIII век. Првиот документ каде се споменува градот е списа од бискупот Хартберт од Хилдесхајм. Во тоа време постоела населба на Бернхард, кмет на Попенбург, во Венигзен. На неговиот грб имал три рози секоја со по пет ливчиња. Денес, Венигзен има една од нив на својот грб.
Во текот на Триесетгодишната војна, Венигзен бил скоро целосно уништен.
Војводата Георг Вилхелм од Хановер го поделил округот Каленберг и основал нов Амт Каленберг, чиј суд се наоѓал во Венигзен. Судот и денес постои.
Познати луѓе
уреди- Адолф Фрајхер Книге (1752-1796) — писател
- Хајнц Ерхарт (1909-1979) — комедијант, музичар и глумец
- Гезине Мајснер (р. 1952) — политичар
- Ханс-Георг Венцел (1949-1999) — геодет, геофизичар и универзитетски професор
- Кристоф Мајнеке (р. 1979) — градоначалник
Галерија
уреди-
Старата царинарница
-
Манастирот Венигзен
-
Старото училиште во Бреденбек
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Венигзен на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)