Јантарски пат

историски трговски пат
(Пренасочено од Килибарен пат)

Јантарски пат или килибарен пат — веројатно најстариот европски комуникациски пат помеѓу северот и југот, создаден за трговија со јантар. Тоа е трговски пат по кој се пренесувала килибар од брегот на Балтичкото Море преку европскиот континент до Средоземјето.[1]

Античкиот „Пат на јантарот“

Првите поверодостојни вести за постоењето на килибарниот пат датира од бронзеното време. Според Херодот, килибарот го собирале Хиперборејците на Балтикот, потоа го преземаат Скитите кои го носат до жителите на северниот дел на Јадранот, од каде понатаму се транспортира во Делос (или Пила, која е средиште на трговијата кон истокот). Според Диодор, Германците го донеле јантарот до Венетите и Етрурците кои им го предавале на Грците.

Најубедлива е реконструкцијата на еден крак од патот по кој оди од Балтикот по долината на Елба преку Чешка и Јадранската Порта до Љубљана и Птуј, па се спушта во Истра, па на островите Електрида, најверојатно Црес и Лошињ, а потоа со бродови се транспортира во Грција и понатаму во Египет. За интересите на поморскиот дел од патот, се вели дека е ископан и Осорскиот Канал меѓу Црес и Лошињ.

Постојат и други гранки на патот: кон Црното Море, Рона, како и директни поморски патувања на Грците (Питеј од Масилија) и Феникијците до Балтикот.

Војните на Римјаните со Илирите, како и подоцнежните инвазии на народите во ерата на големите преселби, ја прекинале оваа стара комуникација, но таа останува важна како еден од изворите на раното поврзување на европскиот антропогеографски простор.

Наводи

уреди
  1. Opća i nacionalna enciklopedija, Knjiga 9., Večernji list, Zagreb, 2006.

Надворешни врски

уреди