Адиџе

река во северна Италија

Адиџе (италијански: Adige или Еч (германски: Etsch; венецијански: Àdexe; реторомански: Adisch; ладински: Adesc; латински: Athesis; старогрчки: Ἄθεσις, Атесис или Ἄταγις, Атагис[1]) — втора река по должина Италија, веднаш зад По. Извира кај Решенскиот Превој во Финшгау во покраината Јужен Тирол кај границата со Австрија и Швајцарија, па тече 410 км низ североисточна италија, па завршува во Јадранското Море.

Адиџе
Адиџе во Верона
Течението на Адиџе
Етимологијалатински Athesis, од келтски *yt-ese, „водата“
Изворно имеAdige
Местоположба
ЗемјаИталија
Физички особености
ИзворРешенски Превој
 • местоГраун во Виншгау, Јужен Тирол, Италија
 • координати46°50′04″N 10°30′53″E / 46.83444° СГШ; 10.51472° ИГД / 46.83444; 10.51472
 • надм. вис.1.520 м
УстиеЈадранско Море
 • место
Италија
 • координати
45°8′59″N 12°19′13″E / 45.14972° СГШ; 12.32028° ИГД / 45.14972; 12.32028
Должина410 км
Големина на сливот12.100 км2
Проток 
 • просечен235 м3
Особености на сливот
Устието на Аидиџе кај Розолина

Името на реката води потекло од пракелтскиот поим *yt-ese со значење „водата“, когнат на реката Тиз во Англија (во антиката наречена Атезис, Теса).[2]

Опис уреди

Реката извира кај Решенскиот Превој (1.504 км) близу до тромеѓата со Австрија и Швајцарија над долината на Ин. Тече низ вештачкото Решенско Езеро. Ова езеро е познато по камбанаријата останата од поранешното село Стар Граун), раселено и поплавено во 1953 г. по изградбата на браната. Близу Глурнс ѝ се приклучлува реката Ром доаѓајќи од Вал Миштајр во Швајцарија.

Адиџе тече на исток низ Гиншгау до Мерано, каде ја прима реката Пасер од север. Делот меѓу Мерано и Болцано се нарекува Ечтал (Адичка Долина). Јужно од Болцано се влева Ајзак (Изаркоа), а потоа Адиџе врти на југ низ долина Алпите, која од даменшно време има улога на сообраќајница меѓу превоите Решен и Бренер (1.370 км) и се смета за најлесен премин на Алпите.

Долината се стеснува кај Салорно (Залурн) и го бележи најјужниот дел на претежно германојазичната покраина Јужен Тирол. Адиџе се споменува во Песната на Германците (Deutschlandlied) од 1841 г. како јужна граница на германското јазично подрачје. Во 2011 г. 62 % од жителите на Салорно говореле италијански, а 37 % говореле германски.[3] во 1922 г. Германија ја усвоила песната како државна химна, иако дотогаш цело Адиџе било под Италија.

Близу Тренто во Адиџе се влеваат реките Авизио, Ноче и Ферзина. Реката ја преминува покраината Трентино, а подоцна и Венето, течеќи крај Роверето, долината Лагарина, градовите Верона и Адрија, како и североисточниот дел на Долината на По, па се влева во Јадранското Море. Адиџе и По речат напоредно во речната делта без вистински да се слеат.

Адиџе е поврзана со езерото Гарда преку тунелот Мори-Торболе, подземен канал за спречување на поплави.

Притоки уреди

Ова се притоките на Адиџе (од изворот до устието):

  • Леви: Карлинбах, Пунибах, Шналзер Бах, Пасер, Ајзак, Авизио, Ферзина, Лено, Алпоне
  • Десни: Рамбах, Зулденбах, Плима, Фалшауер, Ноче

Риби уреди

Во Адиџе живее главатицата, но денес е многу послабо застапена. Причина за ова е редовното порибување на реката и нејзините притоки со речна пастрмка, која постојано се вкрстува со домородната главатица.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Athesis, Athesis“. Numen - The Latin Lexicon - An Online Latin Dictionary - A Dictionary of the Latin Language.
  2. Local Etymology: A Derivative Dictionary of Geographical Names. Houlston and Wright. 22 мај 2019 – преку Google Books.
  3. „Linguistic census province of Bolzano 2011“ (PDF). 2011.
  4. Karel Kovar "Hydrology, Water Resources and Ecology in Headwaters". стр. 505

Надворешни врски уреди