Велика Чука (Ораовица)
„Велика Чука - Тумба“
| |
Местоположба | 41°37′31″N 22°30′44″E / 41.62528° СГШ; 22.51222° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ораовица |
Општина | Радовиш |
Тип |
|
Период | бронзено време |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Велика Чука - Тумба — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Ораовица. Претставува населба од бронзено време и од доцната антика. На 500 м од излезот на селото, од левата страна на патот за Радовиш се издига голема височинка, со пречник во основата од околу 150 м и висина од околу 10 м. Има зарамнето плато на кое се наоѓаат урнатини од црква и неколку гробови од поново време. Со исклучок на западната страна, која е блага и пристапна, другите се стрмни и се спуштаат кон коритото на селската река. На источното подножје лежат денешните гробишта, а на самиот врв има урнатини од старата гробишна црква. Според обликот и димензиите Велика Чука личи на праисториските населби од Пелагонија, така што, покрај остатоците од бронзеното време, треба да се очекуваат и остатоци од постари населби.[1]
Поврзано
уреди- Велика Чука — тумба — населба од бронзеното и доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од римското време;
- Дива Топола - Крива Врба — населба од неолитското време ;
- Манастир Св. Ѓорѓи — средновековен сакрален објект;
- Троло — неолитска населба;
- Црвен Брег — населба од бронзеното и доцноантичкото време;
- Ораовица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 330, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |