Штир

род растенија
Амарант
A. tricolor
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Core eudicots
Ред: Caryophyllales
Семејство: Amaranthaceae
Потсемејство: Amaranthoideae
Род: Амарант
L.
Species

See text

Амарант, низ Македонија познат како стратор или украсен штир[1] — древна житна култура, се јадат сите нејзини делови, а денес се одгледува и како украсно растение.

Опис

уреди

Амарантот е едногодишно растение од семејството амарантови, високо 20-80 см, со издолжени елипсести листови кои се жолтеникави или сивкасто со зелени нијанси, но можат да бидат и црвеникави. Цвета од почетокот на јуни до крајот на есента. Амарантот е пренесен во Европа од Северна Америка во трговските канали. Денес тој е распространет во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз, го има во Западен и Источен Сибир, Кавказ и Средна Азија.

Денес се разликуваат 65 вида на амарант. Многу луѓе ова растение го знаат како штир.

Во антиката го нарекувале "златното жито на Бога". Древните Руси живееле до длабока старост и во добра здравствена состојба благодарение на амарантот. Денес е отворен документ, според кој Петар Први им забранил на Русите да одгледуваат амарант и да употребуваат арамантов леб, кој бил главна храна на народот.

Морфолошките анализи на зборот амарант значат: Мара - е божица на смртта кај древните Руси и арии; префиксот значи негација - пример морален и а-морален. Па зборот амарант значи „ја негира смртта“, односно дава бесмртност. Воините носеле амарант со себе за време на тешките походи, бидејќи тој им давал сила, ги зајакнувал телата и нивниот дух; го користеле семето и листовите на растението.

Во Античка Индија со амарант ја лекувале кралската аристократија и го нарекувале "Рамазан", што значи "надарен од Бога".

Наводи

уреди
  1. „Amaranthaceae | plant family“. Посетено на 2015-06-02.