Васко Граса Моура
Васко Граса Моура (роден на 3 јануари 1942 година во Порто - починал на 27 април 2014 година во Лисабон) — португалски поет, раскажувач, драматург, есеист.[1]
Васко Граса Моура | ||
Роден | 3 јануари 1942 Порто, Португалија | |
---|---|---|
Починал | 27 април 2014 Лисабон, Португалија | |
Националност | Португалец | |
Занимање | поет |
Животопис
уредиМоура е роден е во Порто на 3 јануари 1942 година. Студирал право и бил значајна фигура во јавниот и политичкиот живот на Португалија и Европа. Раководел со најреномираните институции во Португалија, од националната телевија, до институции од областа на културата и уметноста. Но покрај овој дел од неговиот живот, преку своето творештво се вбројува меѓу најреномираните современи португалски поети.
Како поет се прославил со книгата „Модус што се менува“ (1963), по која следеле:
- Англиска седмица (1965)
- Декември и други песни (1976)
- Рецитативи (1977)
- Инструменти за меланхолијата (1980)
- Концерт во поле (1993)
- Семејни сонети (1995)
- Песни со личностш (1997)
- Тестамент на вгм (2001).
Како раскажувач ги објавил:
- Четшри последни песни (1987)
- Бродолом на Сепулведа (1988)
- Заминувањето на Софонизба во шест и дванаесет наутро (1993)
- Смртта на Никој (1998)
- Љубов моја, ноќе беше (2001).
Како есеист, ги објавил книгите:
- Луис де Камоеш: неколку предизвици (1980)
- Повеќе гласови (1987)
- Портрети на Изабел и други обиди (1994).
Освен тоа, објавил и две пиеси: Смена на момчињата на удар (1987) и Актот на Мофино Мендес (1994); еден дневник: Проживеани околности (1995); три книги хроники: Хартии од дневник (1997), Против Бернардо Соареш и други опсервации (1999) и Страници од Порто (2001); и една книга за деца: Чизмите на наред- никот (2001).
Како преведувач, Васко Граса Моура ги има преведено, меѓу останатите, Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Валтер Бенјамин и Нов живот и Божествената комедија од Данте Алигиери. За последната ја има добиено наградата Песоа во 1995 година. Добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2004 година.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Моура“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 992. Text "series " ignored (help)