Васил Мукаетов — македонски писател на литература за деца и млади.

Васил Мукаетов
Роден/а27 јуни 1942
Кавадарци,
ЗанимањеПисател

Биографија

уреди

Васил Мукаетов е роден на 27 јуни 1942 во Кавадарци. Васил Мукаетов е еден од најактивните македонски автори за деца, кој неуморно твори и во деветтата деценија од својот живот. Со своите читатели другарува уште од шеесеттите години на минатиот век, преку тогашните списанија „Титов пионер“, „Другарче“, „Нова Македонија“„Колибри“, „Развигор“ и „Другарче“, сè до денешните „Ѕвезди“, „Прв детски клик“ и „Детски клик“. Објавува и во литературните ревии и списанија – „Стожер“, „Слово“, „Бранување“. Застапуван е во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основното образование. Член е на Друштвото на писатели.

Творештво

уреди

Негови позначајни дела се:

  • „Ти реков ми рече“ (1995)
  • „Ние дома“ (2003)
  • „Поглед со двоглед“ (2005)
  • „Што е, што не е“ (2011)
  • „Ај погоди“ (2011)
  • „Да нацртаме другар“ (2013)
  • „Колку да се рече – записи“ (2014)
  • „Кој кого расте?“ (2013)
  • „По зелени раеви – слезови и чаеви“ (2016)
  • „Децата можат сè“ (2016)
  • „Скокни – прескокни“ (2017)
  • „Чукни, чукни трипати“(2018)
  • „И да и не“ (2018)
  • „Сè е игротека“ (2018)
  • „Ние по тротоари, булевари“ (2019)
  • „Чукни, чукни трипати“ (2019)
  • „Мариовски сказни – Пејови приказни“(2020)
  • „Од згода до згода, заграб бистра вода“(2020)
  • „Што е, а што не е?“ (2020)
  • „Ај погоди!“ (2020)
  • „Има ли страна петта“ (2024)

Има издадено и збирки со група автори: „Село распеано“, „Воспеви за Султана Миладинова“, антологиите „Златна книга на поезијата за деца“ (2004), изборот „Мацо-кацо“ ( Топер, 2015), „Сончево огледало“ - антологија на македонската поезија за деца (Раде Силјан) За неговото творештво свои ставови и критички осврти пишуваат: Глигор Поповски, Томе Арсовски, Атанас Вангелов, Весна Мојсова-Чепишевска, Горјан Петревски, Васил Тоциновски, Стојан Тарапуза, Тамара Гордова Арсовска, Б. Станиќ, Мишо Китаноски и др. Добитник е на наградата на ДПМ – „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2017 година за „Скокни – прескокни“.[1] За книгата „Има ли страна петта“ за и творештвото на Мукаетов, при промоцијата на книгата, се осврна проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ , која истакна дека авторот, во својата повеќедецениска работа, „постојано се обидува да биде во ритамот на новото дете, со секоја нова збирка прави посвета на новите генерации деца“.

Со стиховите од неговата песна „Зошто да се пишува“, писателот објаснува зошто своето творештво им го посветува на најмладите:

„Во овие криви светски

/ ти си запеал – песни детски?

/ Ако. Со децата ми е лесно.

/ Тука е сè кристално и чесно

/ И: во децата и младината, е иднината!“[2]

Наводи

уреди
  1. Што е што не е: Стихувани гатанки, Васил Мукаетов,Скопје, Арс Ламина, 2020, стр.159
  2. Интервју за republika.mk