Вангел Ајановски - Оче

(Пренасочено од Вангел Ајановски-Оче)

Вангел Ајановски - Оче (5 февруари 190919 мај 1996) — деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија, основач и раководител на Македонската антифашистичка организација (МАО) Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО).

Вангел Ајановски - Оче
Роден 5 февруари 1909
Воден, Османлиско Царство
Починал 19 мај 1996(1996-05-19) (возр. 87)
Скопје, Македонија
Познат основач и раководител на МАО и ТОМО

Во работничкото движење на Грција учествувал од 1928 година, како член на ОКНЕ. Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година.[1] Во 1942 година во Воден ја основал МАО. Во 1944 година бил заменик на политичкиот секретар на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година, на 20 јануари ја формирал и раководел организацијата ТОМО. Во пролетта (месец април), истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, а потоа од мај 1947, бил член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот „Црвена Ѕвезда“.[2]

Вангел Ајановски, пред повеќе од триесетина години, го подарил оригиналниот примерок од прочуениот Абецедар, на Државниот архив на Македонија.[3]

Творештво

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 16. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот 1940–1944, Скопје, 1968.
  3. „Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил Оригиналниот „Абецедар" на Архивот на Македонија пред триесетина години“. Македонска нација.

Литература

уреди
  • Егејска Македонија во НОБ 1948, Том V, Скопје 1981
  • Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983.

Надворешни врски

уреди