Црвена Ѕвезда (весник)

Црвена Ѕвезда бил македонски весник, орган на Македонската ослободителна организација (МОО) за Воденскиот округ[1]. Тоа е прв весник на македонски јазик (воденски дијалект, но со грчка азбука) во Егејскиот дел на Македонија. Излегувал во периодот од летото 1942 до октомври 1943 година[2]. Го уредувал Вангел Ајановски-Оче, а насловната страница ја илустрирал Гркот Андреас Андроникас. Бил умножуван на шапирограф на илегалната техника на Окружниот комитет на КПГ за Воденско. Објавени се повеќе од 20 броја, во тираж до 150 примероци[3]. По забраната на МАО од страна на КПГ, весникот престанал да излегува[4].

Наводи

уреди
  1. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печати новинарство (од првите почетоци до194 5 година), Скопје, 1980, 452-453
  2. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 150-151
  3. Тодор Симовски, Некои моменти од националноослободителната борба на Македонците од Егејска Македонија, Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија, Скопје, 1973, 220 - 221
  4. Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт на развојот на работничкото, комунистичкото и националноослободителното движење во Македонија во Воденско, ракопис во АОИНИ, Скопје, 82