Валовишка Бања
Валовишка Бања (грчки: Λουτρά, Лутра или Λουτρά Σιδηροκάστρου, Лутра Сидирокастру) — село и бања во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Во летниот период се користи како рекреативен центар.[2]
Валовишка Бања Λουτρά | |
---|---|
Координати: 41°17′N 23°20′E / 41.283° СГШ; 23.333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Валовишта |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиБањите се наоѓаат на 10 км северозападно од градот Валовишта, на почетокот на Рупелската Клисура, на надморска височина од 140 м. Крај нив минува патот кој води од Валовишта за Горна Џумаја и Софија.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 3 | — | — | — | 25 | 0 | 1 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Герман, Елешница, Инанли и Пулево.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 188.