Бунтот на бродот Кејн (филм)

„Бунтот на бродот Кејн“ (англиски: The Caine Mutiny) — американски филм од 1954 година, во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk) по сценариото на Стенли Роберт (Stanley Roberts) во соработка со Мајкл Бленкфорт (Michael Blankfort), а засновано врз романот на Херман Воук (Herman Wouk). Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт (Humphrey Bogart), Хосе Ферер (José Ferrer), Ван Џонсон (Van Johnson), Фред Мек Мареј (Fred MacMurray), Роберт Френсис (Robert Francis), Меј Вин (May Wynn), Том Тули (Tom Tully), Е. Г. Маршал (E. G. Marshall), Ли Марвин (Lee Marvin), Артур Франз (Arthur Franz), Ворнер Андерсон (Warner Anderson), Клод Ејкинс (Claude Akins) и Кетрин Ворен (Katherine Warren). Во 1955 година, филмот бил номиниран за „Оскар“ во седум категории, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм, сценарио, како и за главна и споредна машка улога. Покрја тоа, филмот имал и две номинации за наградите БАФТА. Филмот се одликува со ефектно профилирани ликови, со одлична музика (дело на познатиот Макс Стајнер), впечатлива фотографија (дело на Франц Планер), како и со одлична изведба на глумците.[1]

Ван Џонсон како Мерик - Бунтот на бродот Кејн

Синопсис

уреди

Амбициозниот Вили Кит (го игра Френсис) е млад офицер во американската морнарица. По дипломирањето на Принстон, во текот на 1943 година бил распореден на воениот брод „Кејн“ со кој заповеда искусниот поручник Филип Френсис Квиг (го игра Богарт). „Кејн“ не е многу важен брод, а на Квиг му помагаат офицерот Стив Марик (го игра Џонсон), скиперот Деврис (го игра Тули) и поручникот Том Кифер (го игра Мек Мареј), офицерто задолжен за комуникациите, а кој во цивилниот живот е писател. Кога бродот ќе исплови на морската шир, Кифер го забележува ирационалното однесување на Квиг, многу строг и невротичен човек со незгоден карактер. Во една прилика, кога Квиг предизвикува големи проблеми поради ситна кражба на јагоди, во неговата ментална стабилност се посомнева и Марик. Набргу, бродот го зафаќа силен тајфун и Квиг запаѓа во паника така што командата ја презема Марик, кој за помошник го поставува Вили. На крајот, сите овие настани ќе доведат до процес пред воениот суд...

Наводи

уреди