Булгур
Булгур (арапски: برغل bourghoul) – храна од жита направена од издробени, провриени зрна различни видови пченица, најчесто дурум (цврста). Потеклото му е од Средниот Исток.[1]
Особини
уредиХранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 83 kcal (350 kJ) |
18,58 g | |
Шеќери | 0,10 g |
Влакна | 4,5 g |
0.24 g | |
3,08 g | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (0 %) 0,0 μг |
Витамин А | 1 МЕ |
Тиамин (Б1) | (5 %) 0,057 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,028 мг |
Ниацин (Б3) | (7 %) 1,000 мг |
Витамин Б6 | (6 %) 0,083 мг |
Фолна кис. (Б9) | (5 %) 18 μг |
Витамин Ц | (0 %) 0,0 мг |
Витамин Е | (0 %) 0,01 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 10 мг |
Железо | (7 %) 0,96 мг |
Магнезиум | (9 %) 32 мг |
Фосфор | (6 %) 40 мг |
Калиум | (1 %) 68 мг |
Натриум | (0 %) 5 мг |
Цинк | (6 %) 0,57 мг |
Други состојки | |
Вода | 78 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Булгурот често луѓето го мешаат со бунгурот, дробената пченица, кој за разлика од булгурот не се проварува. Булгурот е вообичаена состојка која се користи во кујните на Блискиот Исток и Средоземјето.
Има лесен, оревест вкус.
Булгурот се разликува во зависност од издробеноста. Може да биде лесно, средно и екстра сомелен. Најквалитетен булгур е оној кој е сомелен до еднолична големина на честичките.
Булгурот е признат како цело зрно од страна на Американското одделение за земјоделство.
Употреба во кујна
уредиБулгурот не изискува готвење, иако може да е дел од готвените јадења. Потребно му е само потопување во вода.
Грубиот булгур се користи за правење готвени јадења, додека средните и фините зрна се користат како житарки за појадок, салати како што се кисир, пилав, леб, како и за десертни пудинзи.
Кашата од булгур е слична на фрумент, испукана пченична каша која била основа на средновековната кујна.
Може да се користи и како додаток на други јадења на ист начин како тестенините или оризот. Некогаш луѓето го мешаат со ориз бидејќи има сличен изглед иако тесктурата е различна.
На Кипар е познат како „пуркури“ и се користи за подготовка на „κούπες“ (кои на кипарски турски се нарекуваат „булгур кофтеси“) и разни видови киба.[2]
Наводи
уреди- ↑ Bulgur (англиски), 2019-10-26, Посетено на 2019-12-27
- ↑ „Bulgur - žitarica za dobro zdravlje“. www.zdravasrbija.com. Посетено на 2019-12-27.