Брлево
Брлево — историско село во Гевгелиско, денес на територијата на Општина Гевгелија.
Брлево | |
Координати 41°15′05″N 22°22′52″E / 41.25139° СГШ; 22.38111° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Гевгелија |
Област | Бојмија |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 380 м |
Географија и местоположба
уредиСелото било планинско, сместено североисточно од Гевгелија, меѓу селата Серменин и Кованец, крај устието на Брлевска со Кованска Река. Денес местото се наоѓа во североисточниот дел на атарот на Серменин, близу атарската граница со Кованец.
Историја
уредиЗа време на Првата светска војна низ селото поминувала бугарска воена теснолинејка на коњска влеча, и тоа на одредиштата Милетково – Брлево – Серменин. Вкупната должина изнесувала 18 км од кои потегот Милетково – Брлево (13 км) и е завршен во јули 1917 г., а Брлево – Серменин (5 км) е завршен малку подоцна истата година. Целта на оваа железница била поврзување на војската (V пешадиска дунавска дивизија) со нормалната железничка линија Скопје – Гевгелија. Пругата ја поставиле 660 лица, а за потегот од Брлево до Серменин се вклучени 280 воени заробеници. Направени се две коњушарници во Милетково и Брлево.[2]