Брајова азбука

(Пренасочено од Брајовата азбука)

Брајова азбука или Брајово писмо — специјално писмо наменето на лицата со слаб вид или потполно слепите. Создадено е во 1821 година. Произлегло од т.н. ноќно писмо на тајните служби кои го користеле во ноќните воени дејства.

„PREMIER“ („прв“) на француски

Францускиот учител за слепи, Луј Брај (1809-1852) ја усовршил оваа техника и настојувал таа да се користи во праксата. Основната клетка на Брајовата азбука се состои од шест точки (т.н. шесточка), а на секоја буква одговара комбинација од тие 6 релјефни точки. Буквите се втиснуваат со метално шило во хартијата, а читачот ги распознава со допирање од спротивната страна.

Македонска Брајова азбука

уреди

Македонската Брајова азбука се заснова на Обединетиот меѓународен Брајов систем, во состав на поранешната југословенска Брајова азбука.[1]

Наводи

уреди
  1. „Употреба на Брајовата азбука во светот“. УНЕСКО. Посетено на 19 април 2012. (англиски)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Препорачана литература

уреди

Надворешни врски

уреди