Национален сојуз на слепите на Република Македонија
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е невладина, натпартиска, национална, хуманитарна и непрофитна организација во Македонија. Организацијата е основана во 1945 година.[1] Претсетдател на сојузот е Жарко Селковски.
Главната причина поради која е основана организацијата е подобрување на условите за живот на слепите лица во Македонија, односно нивната работа, месните оргазнизации, социјализацијата и интеграцијата на лицата. Овие се воедно и водечките идеали или мисијата на националниот сојуз.
Структура
уредиОрганизацијата опфаќа 16 месни здруженија и брои повеќе од 2500 членови - слепи лица на територија на Република Македонија односно лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу 10 проценти.
- Здруженија
Националниот сојуз е составен од следните месни здруженија:[2]
- Здружение на слепи лица Битола
- Здружение на слепи лица Велес
- Здружение на слепи лица Гевгелија
- Здружение на слепи лица Кавадарци
- Здружение на слепи лица Кичево
- Здружение на слепи лица Кочани
- Здружение на слепи лица Куманово
- Здружение на слепи лица Неготино
- Здружение на слепи лица Охрид
- Здружение на слепи лица Прилеп
- Здружение на слепи лица Свети Николе
- Здружение на слепи лица Скопје
- Здружение на слепи лица Струга
- Здружение на слепи лица Струмица
- Здружение на слепи лица Тетово
- Здружение на слепи лица Штип
Членство
уредиСамиот сојуз е член на повеќе сојузи, меѓу кои[1]:
Активности
уредиСојузот издава Брајово списание „Наш збор“, звучно списание „Панорама“ и звучно списание „Зрак“. Дополнително на ова, сојузот печати книжевни дела на Брајово писмо, но и аудио-книги и аудио-учебници.[1]
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија располага со сопствен деловен објект, соодветна опрема за работа, сопствени патничко и комби возило, Брајова печатница, образовен компјутерски центар и тонско студио.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Општи информации за НССРМ.
- ↑ „Членки на НССРМ“. Архивирано од изворникот на 2019-07-05. Посетено на 2019-07-11.