Борован
Борован (бугарски: Борован) — село во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Борован во Врачанската Област. Има население од околу 2.221 жители (2022).[1]
Борован Борован | |
---|---|
село | |
Плоштадот на селото | |
Местоположба на Борован во Бугарија | |
Координати: 43°25′39.55″N 23°45′15.12″E / 43.4276528° СГШ; 23.7542000° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Враца |
Општина | Борован |
Управа | |
• Градоначалник | Десислава Тодорова (СДС, ЗНС, ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 212 км2 (82 ми2) |
Надм. вис. | 162 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2.221 |
• Густина | 10/км2 (27/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3240 |
Повик. бр. | +359 09147 |
Мреж. место | borovan.bg |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 150 километри североисточно од главниот град Софија и на 31 километри од регионалниот центар Враца.
Историиј
уредиДенешното село Борован лежи на остатоци од голема тракиско-римска населба, за што сведочат ископаните гробови, керамика и римски монети. На висината на Борованската тумба зачувани се дел од темелите на ѕидините и кулите на доцноримската тврдина. Откриени се и остатоци од средновековна бугарска населба.
Името на Борован датира од бугарскиот среден век. Во тимарски регистар од 1614 година е пронајден список со имиња на 325 жители на селото Борован, меѓу кои и 5 свештеници, веројатно во тоа време имало црква и ќелијно училиште за обука на свештеници и учители. Во 1820 година во Борован било отворено едно од првите општествени училишта во Врачанската Област. Во 1834 година била изградена дрвена црква наречена „Света Параскева“, а во 1843 година таа била претворена во камена. Храмот „Свети Никола“ бил изграден во 1872 година, а еден век подоцна бил прогласен за споменик на културата.[2]
На 18 мај 1876 година Христо Ботев и неговата чета поминале низ селото на пат од брегот на Козлодуј кон Врачанскиот Балкан. Оваа рута подоцна била вклучена како дел од меморијалниот комплекс „Ботев Патека“ и по неа секоја година минуваат стотици ботевски поклоници.
Селото било ослободено од отоманската власт на 25 октомври 1877 година. По ослободувањето, Борован станал едно од најголемите села во Врачанско. Главната егзистенција била земјоделството. Се одгледуваат житни култури, пченка и сончоглед. Во 1902 година во Борован била отворена пошта, а пет години подоцна било основано читалиштето „Будилник“. На 1 јуни 1972 година беше отворена новата зграда на општината и споменикот „Коњаникот“, посветен на загинатите во Септемвриското востание.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Николов, Богдан (1996). От Искър до Огоста. София: ИК „Алиса“. ISBN 954-596-011-1 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |