Борис Рибкин
Борис Аркадиевич Рибкин (руски: Бори́с Арка́дьевич Ры́бкин; родено име Борух Аронович Ривкин руски: Борух Аронович Рывкин; 19 јуни 1899година – 27 ноември 1947)[1] — бил советски дипломат и таен агент на НКВД. Работел како помлад дипломатски функционер по име Борис Јарцев во амбасадата на Советскиот Сојуз во Хелсинки.
Кариера
уредиРибкин се приклучил на советската тајна полиција, Чека, во 1921 година и на Болшевичката партија во 1922 година. Служел во Сталинградската област од 1924 до 1929 година. Во 1931 година бил испратен во Ташкент, во Средна Азија, а подоцна во Иран. Службени патувања имал и во Франција, Бугарија и Австрија.
Во септември 1935 година, Рибкин бил поставен како секретар од втор ред во советската амбасада во Хелсинки. Во април 1938 година, Јосиф Сталин му дал на Рибкин мисија да започне тајни преговори со финската влада против заканата на нацистичка Германија. Во реалноста, Советскиот Сојуз барал некои области во близина на Ленинград, утврдување на Оланд и други места. Барањата многупати се менувале, а преговорите продолжиле до март 1939 година, кога завршиле без резултат.
Финската влада не сакала да се откаже од својата неутралност или од своите територии. Подоцна Борис Штеин продолжил со преговорите, но неуспешно. Советскиот Сојуз ја нападнал Финска на 30 ноември 1939 година, со што започнала Зимската војна.
Во 1941 година, Рибкин се преселил во советската амбасада во Стокхолм. Тој се вратил во Советскиот Сојуз есента во 1943 година. За време на Втората светска војна служел како началник во НКГБ во Северен Кавказ. Рибкин бил агент на Конференцијата во Јалта во 1945 година. Во февруари 1947 година, тој започнал да служи во Министерството за државна безбедност.
Смрт
уредиРибкин загинал во сообраќајна несреќа во Чехословачка во 1947 година.
Наводи
уреди- ↑ „Рыбкин, Рывкин, Борис Аркадьевич“. www.hrono.info. Посетено на 2021-09-09.