Тупаи, исто така наречен 'Motu Iti' — ниско поставен атол во Друштвени Острови, Француска Полинезија. Се наоѓа на 19 километри северно од Бора Бора и припаѓа на западните Заветрени Острови (француски: Îles Sous-le-vent). Овој мал атол има површина од 11 км2. Неговиот широк корален гребен опфаќа плитка песочна лагуна. Тупаи нема постојани жители освен некои работници во плантажите со кокос. Постои приватен аеродром на Тупаи. Инаугуриран бил во 2001 година и неговата употреба е ограничена.

Тупаи
Остров
Фотографија на НАСА од островот Тупаи.
Фотографија на НАСА од островот Тупаи.
Карта на Заветрените Острови
Карта на Заветрените Острови
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
АрхипелагДруштвени Острови
ГрупаЗаветрени Острови
Површина
 • Вкупна11 км2 (4 ми2)
Население
 • Вкупно0
 • Густина0,0/км2 (0,0/ми2)
Мапа на Тупаи

Администрација

уреди

Атолот Тупаи административно припаѓа на комуната Бора Бора.

Туризам

уреди

На 4 август 1997 владата на Француска Полинезија го откупила атолот Тупаи за $8,000,000 со план тука да развива туризам. Островот бил откупен од некој жител на Папете, кој имал плантажи на копра низа архипелагот, но западнал во долгови. Право на земјата побарале околу 1000 локални Полинезијци, повикувајќи се на наследни права на делови на атолот. Владата на Француска Полинезија ветила дека ќе се грижи за животната средина и туризмот ќе го развива во разумни граници.[1]

Наводи

уреди
  1. „FRENCH POLYNESIA BUYS TUPAI ATOLL | Pacific Islands Report“. www.pireport.org. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2018-12-22.

Надворешни врски

уреди

16°17′S 151°50′W / 16.283° ЈГШ; 151.833° ЗГД / -16.283; -151.833{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница