Боденфелде
Боденфелде (германски: Bodenfelde) — општина во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Везер, околу 35 километри северно од Касел и 30 километри северозападно од Гетинген на југозападниот раб на Природниот парк Золинг-Фоглер.
Боденфелде | |
Поглед од југ на Боденфелде со црквата и пристаништето | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Нортхајм |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Мирко фон Пјетровски (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 20 км2 |
Надм. височина | 118 м |
Население | 3.061 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 153 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NOM |
Пошт. бр. | 37194 |
Повик. бр. | 05572 |
Портал | www.bodenfelde.de |
Местоположба на Боденфелде во рамките на округот Нортхајм | |
Координати | 51°37′N 9°34′E / 51.617° СГШ; 9.567° ИГД |
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Во општината покрај Боденфелде влегуваат и уште две други места.
Географија
уредиМестоположба
уредиМестото Боденфелде се наоѓа на јужниот дел од Природниот парк Золинг-Фоглер во горниот тек на Везер. Се наоѓа помеѓу планинските области Золинг на север и Рајнхардсвалд на југ. Боденфелде се наоѓа на еден меандер на Везер, во кој се влева Рајербах.
Местото е сместено помеѓу 105 и 145 метри надморска височина, во близина на шумското подрачје Везерско Средногорје. Највисока точка близу Боденфелде е Калтеварте (340,7 м). Со својата површина од скоро 20 км2 претставува најмала општина во округот Нортхајм.
Општински единици
уредиБоденфелде се состои од следниве единици:
- Боденфелде
- Ниновер
- Вамбек
Историја
уредиБоденфелде бил првпат споменат во документ потпишан од Лудвиг I Побожен во 833 година. Во доцниот среден век, Боденфелде бил дел од Грофовијата Дасел. Амелит, Ниновер, Полир и Вамбек биле села околу Боденфелде кои биле припоени кон општината во 1974 година.
Постоела еврејска заедница во Боденфелде, која била протерана во нацистичко време. Продадена на земјоделец во 1937 година, дрвената синагога од 1825 година ја преживеала Кристалната ноќ, кога сопственикот ја одбранил од вандали. На почетокот на XXI век, синагогата била пренесена во блискиот Гетинген, кој имал еврејска заедница со потреба од синагога.
Во 2008 година бил фатен убиецот со прекар „Црна вдовица“. Во период од две децении, заведувала и убивала или убила најмалку четворица постари мажи за нивните пари.[2]
Познати луѓе
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Боденфелде на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |