Боденвердер
Боденвердер (германски: Bodenwerder; службено наречен Минхаузенштат Боденвердер) — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер и е најмногу познат како родното место на Барон Минхаузен.
Боденвердер | |
Поглед на градот со реката Везер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Холцминден |
Општ. заед. | Боденвердер-Поле |
Градоначалник | Елке Пердахер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 28,92 км2 |
Надм. височина | 76 м |
Население | 5.634 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 195 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HOL |
Пошт. бр. | 37619 |
Повик. бр. | 05533 |
Портал | www.bodenwerder.de |
Местоположба на градот Боденвердер во рамките на округот Холцминден | |
Координати | 51°58′0″N 9°31′0″E / 51.96667° СГШ; 9.51667° ИГД |
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Боденвердер-Поле.
Географија
уредиБоденвердер се наоѓа помеѓу градовите Хамелн и Холцминден на реката Везер. Југоисточнот од него се наоѓа ридскиот масив Фоглер. Во близина на градот во Везер се влева реката Лене.
Градски единици
уредиГрадот Боденвердер е составен од:
- Боденвердер
- Бухаген
- Кемнаде
- Линзе
- Риле
Историја
уредиБоденвердер го добил статусот на град во 1287 година од Хајнрих II фон Хомбург. Постоел важен мост над реката во 1289 година, кој ги поврзувал Хамелн-Падерборн со Ајнбек-Франкфурт. Околу 1340 година владетел на населбата бил Хомборг Бодо, кој го осмислил градот со ѕидини и кули. Од него потекнува името на градот.
Во 1750 година се родил Барон Минхаузен, кој се повлекол тука и ги раскажувал познатите приказни на неговите пријатели. Умрел во 1797 година и е погребан во градот. Неговата куќа била купена од градот во 1935 година и се користи како Градско собрание.
Култура
уредиНаградата „Минхаузен“ за забава се доделува во мај секоја година.
Знаменитости
уредиМузејот Минхаузен и споменикот, како и неговиот грб во манастирската црква во Кемнаде, се познати туристички одредишта. Во градот се наоѓа и готската црква „Св. Никола“. Околу градот се наоѓаат остатоци на средновековните утврдувања.
Познати луѓе
уреди- Барон Минхаузен (1720-1797) — раскажувач
- Јонатан Брил (1942-1988) — писател, режисер и текстописец
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Боденвердер“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)