Блини
Блини (руски: блины пл., деминутив : блинчики, блинчики) (украински: млинці, налисники пл., деминутив: млинчики, млинчики) или, понекогаш, блин (поточно како единечна форма на именката), е руска палачинка која традиционално се прави од пченично брашно или (поретко) брашно од хелда и се служи со павлака, младо сирење (кварк), путер, кавијар и други додатоци. Блините се меѓу најпопуларните и најчесто консумираните јадења во Русија.
На Запад, поимот блини традиционално се однесува на мали солени палачинки (со пречник од 5-10 см) и се направени со стасано тесто со квасец. На современ руски јазик, терминот најчесто се однесува на тенки палачинки од тесто со квасец, иако и помалите палачинки исто се нарекуваат блини и биле многу почесто консумирани од историски аспект.
Во некои јазици и речници (како што е англискиот јазик) има запишана и форма „блин“ во еднина и „блини“ во множина, што соодветствува на оригиналните руски форми, но во многу речници воопшто нема запис на зборот во еднина, туку се користи терминот „блини“.[1] Во некои готвачи и ресторани, зборовите „блин“ и „блинчик“ се користат за палачинки.
Блинци се варијанта на блини. Тие се тенки палачинки обично направени од пченично брашно (не од хелда), и се преклопени за да формираат обвивка (како за сирење или овошје), а потоа се пржат или печат.[2]
Етимологија
уредиСтарословенскиот израз за руските палачинки веројатно бил млинъ,[3] кој на староруски јазик се трансформирал во млини, блинŭ, (млинъ / блинъ).[4] Во современиот руски јазик зборот „блини“ се однесува и на странските палачинки, а за да се направи разлика обично се кажува дека станува збор за „руски блини“.
Употреба во современиот руски јазик
уредиБлините се толку длабоко вкоренети во руската култура што зборот блин се користи и како линвгистички сигнал во комуникациите. Се користи кога некое лице разговара со други и не може да го најде вистинскиот збор.[5]
Историја
уредиИсточните Словени во претхристијанското време ги сметале блините за симбол на сонцето поради нивната кружна форма.[6] Тие традиционално се подготвувале на крајот на зимата во чест на повторното раѓање на новото сонце (наречено Масленица, а исто и „недела на палачинки“). Оваа традиција е усвоена од православната црква и се почитува и денес. Дрочена, еден вид блини, исто така се служеле на бдеењата во знак на сеќавање на неодамна починатите.
Традиционалните руски блини се прават со тесто со квасец, кое се остава да нарасне, а потоа се разредува со млеко, кисело млеко, ладна или врела вода. Кога се разредуваат со врела вода, тие се нарекуваат зовриени блини. Полесната и потенка форма се прави од тесто без квасец (обично направено од брашно, јајца, млеко или кисело млеко, кефир, раженка, варенец) и оваа варијанта е исто така честа во Русија. Традиционално, блините се печат во руска рерна. Процесот на подготовка на блините сè уште на руски јазик се нарекува печење, иако во денешно време тие се пржат во тавче, како палачинки. Може да се користат сите видови брашно, од пченично брашно и брашно од хелда до овесно брашно, иако во моментов најмногу се користи пченичното брашно.
Еврејска верзија
уредиИма слично еврејско јадење кое е многу популарно и традиционално еврејско јадење што се нарекува блинци. Блинците беа популаризирани во САД од страна на еврејските бегалци кои бегале од прогонствата и насилствата во Источна Европа. Блинците се многу важен дел од еврејската кујна. Тие традиционално се служат на неколку еврејски празници. Блинците полнети со сирење, а потоа пржени во масло се служат на празници како што е Ханука (бидејќи маслото имало клучна улога во приказната за Ханука) и Шавут (кога јадења со млечни производи традиционално се служат во Ашкенази). Блините и блинчиките обично се полнат пред да се пржат по вторпат, а може да се јадат без повторно да се пржат или едноставно се виткаат и се јадат со сос. Полнењата вклучуваат чоколадо, печурки, месо, ориз, пире од компири и сирење.
Украина
уредиБлините, или како што се познати на украински, млинци, се многу популарно јадење во Украина. Јадењето едноставно се прави, а вкусот е многу добар, па затоа и ова јадење има толкава популарност. Млинците се јаделе во Украина уште од раното христијанско време. Тие се служат со кисела павлака, како и со кавијар; може да се послужат и како слатко јадење со овошје или слатка павлака. Тенките палачинки може да се полнат и со урда, сецкани варени јајца, мешан зелен кромид, опарена зелка, мелено месо, пире од грав, печурки, овошје и бобинки и суво грозје. Со различните полнења, на јадењето му се дава и ново име - Налисники кои може да бидат во различни форми, како на пример; цилиндрична форма, форма на плик, па дури и во форма на триаголници. За некои рецепти полнетите млинци треба да се стават во сад за печење и да се готват во рерна.[7]
Верзии
уредиНачини на подготовка и сервирање на блини:
- Блини направени од тесто што содржи разни додатоци како на пример рендан компир или јаболко и суво грозје. Овие блини се доста чести во Источна Европа и во нив има повеќе полнење во споредба со палачинките што обично се јадат во Северна Америка.
- Блини покриени со путер, павлака, џем, мед или кавијар ( бела риба, лосос или традиционален есетра).
Блините може да бидат преклопени или свиткани во цилиндрична форма со слатки или солени полнења, како што се џем, овошје, бобинки, пире од компири, младо сирење (кварк), варено мелено месо, варено пилешко, лосос, сецкани варени јајца со зелен кромид или сецкани печурки.
- Блините кои се направени со истурање на тестото над исечканиот зеленчук, месо или печурки што се ставаат претходно на тава се нарекуваат „блини с припјоком“.
- Блинци. Се полнат со џем, овошје, компир, младо сирење (кварк), урда, варено мелено месо, варено пилешко, па дури и сецкани печурки, никулци од грав, зелка и кромид.Кавијарот е популарно полнење за блините во руски стил кои се служат на коктел-забави.
- Блините од брашно од хелда се дел од традиционалната руска кујна. Тие се исто така широко распространети во Украина, каде што се познати како гречаники и во Литванија, регионот Џукија, единствениот регион на земјата во која се одгледува хелда.
Блините се сметаат за традиционален оброк во литванската култура на Чист вторник.[8]
Наводи
уреди- ↑ „blini definition and synonyms“. Macmillan Dictionary. 2016-12-09. Посетено на 2017-01-06.
- ↑ „blintze | a thin usually wheat-flour pancake folded to form a casing (as for cheese or fruit) and then sautéed or baked“. Merriam-webster.com. Посетено на 2015-08-12.
- ↑ близорукий блинд. „блин - это... Что такое блин?“. Dic.academic.ru. Посетено на 2017-01-06.
- ↑ „Photographic image“ (JPG). Upload.wikimedia.org. Посетено на 2017-01-06.
- ↑ „Blin - Meaning in Russian - Translation and audio“. Learn Russian Daily (англиски). Посетено на 2019-08-22.
- ↑ Marks, Gil (2010). Encyclopedia of Jewish Food. Wiley. стр. 56–58. ISBN 9780470943540. Посетено на April 18, 2012. ISBN 9780470391303
- ↑ „How to cook Ukrainian pancakes nalysnyky: recipes“ (руски). Посетено на 2019-02-17.
- ↑ „Lithuanian Pancake Recipe - Blynai or Sklindziai“. Easteuropeanfood.about.com. Посетено на 2015-08-12.
Надворешни врски
уреди- Kidd, Sue (March 21, 2012). „Blintzapalooza: It's more than just blintzes“. The News Tribune. Tacoma, Washington. Посетено на April 18, 2012.[мртва врска]
- Blintz recipe (with detailed photos) (руски)
- BBR OkiDoki. „BLIN: Soviet Russia“. BattleBit Studios. Soviet Russia."BLIN: Soviet Russia". BattleBit Studios. Soviet Russia.