Блидеш (Вржогрнци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Блидеш“
| |
Местоположба | 42°9′11″N 22°5′3″E / 42.15306° СГШ; 22.08417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Вржогрнци |
Општина | Ранковце |
Тип |
|
Период | бронзено време |
железно време | |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Блидеш — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Вржогрнци. Претставува населба од бронзено време, железно време и доцна антика. На околу 700 м јужно од селото, северно од патот Куманово -Крива Паланка, меѓу Блидешка Река и едно мало поточе се издига висок рид со стрмни падини. Во нивите што се на самиот врв, на површина од околу 150 × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси, а се насетуваат и темели од објекти. Веројатно оттука потекнуваат неколкуте бронзени висулци во облик на латинската буква В од железното време што се чуваат во Музеј на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Блидеш — населба бронзено, железно време и доцна антика;
- Гробишта — црква од средниот век;
- Гробишта — населба од доцна антика;
- Вржогрнци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 193, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |