Битка кај Цецора (1620)
Битката кај Цецора е битка меѓу војските на Полско-литванската Државна Заедница и Отоманското Царство која се одвила во периодот од 17 септември до 7 октомври 1620 година кај реката Прут, Молдавија.
Битка кај Цецора | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Молдавски магнатски војни and Отоманско-полска војна (1620–1621) |
|||||||
Смртта на Хетман Жолкевски во Битката кај Цецора од Валери Елјаш Раџиковски |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Полско-литванска Државна Заедница Молдавија | Османлиско Царство Кримско ханство Влашка |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Станислав Жолкиевски † Станислав Конецполски Гаспар Грацијани | Искендер Паша Хан Темир Габор Бетлен |
||||||
Сила | |||||||
9,000 комонвелтски сили[2] 600-1000 молдавски сили | 20,000 османлиски сили[2] до 60,000[3] непознато колку влашки сили |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | непознато |
Заднина
уредиПоради неуспехот на полската дипломатска мисија во Истанбул и незадоволство и на двете страни од Бушаскиот мир (во границите на Полска продолжиле да навлегуваат Козаци и Татари), односите меѓу двете империи се заладиле во почетокот на 1620 година и двете страни започнале да се подготвуваат за војна. Турците војната ја планирале за 1621 година, додека унијата решила своите сили да ги испрати на туѓа територија, а како таква ја избрала Молдавија во 1620 година.
Полската армија била составена од магнатските семејства и броела околу 10.000 војници. Во септември полската армија навлегла во Молдавија, а молдавскиот владетел Гаспар Грацијани како вазал на Османлиското Царство, решил да се приклучи на страната на полската армија. Тој убил голем број на јаничари и ги заробил гласниците на османлискиот султан Осман II. Но голем дел од молдавските аристократи се разделиле на повеќе групи со цел секој да си го брани својот имот од недисциплинираните магнарски војници, а други пак решиле да го почекаат крајот од војната и да се приклучат кон земјата победничка. Така само околу 1000 молдавски востаници се приклучиле кон силите на Полска кои биле околу тврдината Цецора.
Битка
уредиНа 10 септември кај Цецора во денешна Романија, силите на Полско-литванската Државна Заедница ја пресретнале татарско-османлиската армија со влашко засилување која броела околу 20.000 војници на чело со Искендер Паша. За време на првиот ден од битката многу молдавски востаници преминале на другата страна и брзо ги нападнале на Полјаците. На 19 септември станало јасно дека полските сили ќе доживеат пораз, на веќе на 29 септември тие доживеале уште еден пораз по кое започнало повлекување на силите. Повлекувањто го искористиле Османлиите кои започнале со напад. Голем дел од полските војници биле убиени или заробени. Главните полски водачи, како Хетман Жолкевски бил убиен заедно со молдавскиот кнез Гаспар Грацијани а Конецполски и Богдан Хмелницки биле зарбени. Главата на Жолкевски била однесена во султановиот двор. Војводата Корецки бил погубен во Истанбул. Како нов владетел на Молдавија бил назначен Александар Илијаш.
Наводи
уреди- ↑ Battle of Cecora (1620), Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, Vol. I, ed. Alexander Mikaberidze, (ABC-CLIO, 2011), 237.
- ↑ 2,0 2,1 Battle of Cecora (1620), Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, Vol. I, 237.
- ↑ Hrushevsky, M., 1999, The History of the Ukrainian Cossacks, Vol. 1, The Cossack Age to 1625, Edmonton: Canadian Institute of Ukrainian Studies Press, ISBN 1895571286