Берсум (германски: Börßum) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Берсум
Селската црква во Берсум
Селската црква во Берсум
Селската црква во Берсум
Грб на Берсум
Берсум во рамките на Германија
Берсум
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Волфенбител
Општ. заед. Одервалд
Месни единици 5
Градоначалник Марк Ломан
Основни податоци
Површина 30,59 км2
Надм. височина 88 м
Население 2.896 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 95 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WF
Пошт. бр. 38312
Повик. бр. 05334
Портал www.boerssum.de
Местоположба на Берсум во рамките на округот Волфенбител
Карта
Карта
Координати 52°04′0″N 10°34′0″E / 52.06667° СГШ; 10.56667° ИГД / 52.06667; 10.56667

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Одервалд.

Географија

уреди

Берсум се наоѓа неколку километри северно од планинскиот масив Харц, северно од Шладен, околу 11 километри јужно од Волфенбител и недалеку југоисточно од ридскиот масив Одервалд. Берсум е сместен на источниот брег на Окер.

Јужно од местото се спојуваат обете ракави на Илзе, која доаѓа од Харц, „Милен-Илзе“ и „Канал-Илзе“, и од 1950-тите години се влева во Окер.

Општински единици

уреди

Општината е составена од следниве места: Берсум, Ахим, Борнум, Калме и Зајнштет.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди