Берекетли Ѓол (грчки: Πρασιάδα или Μπερεκετλή Γκιόλ) — поранешно езеро и блато во Драмско, североисточна Егејска Македонија, денес во Грција. Во близината се наоѓа истоименото село Берекетли.

Берекетли Ѓол
Πρασιάδα
Берекетли Ѓол на карта од 1898 г.
Карта
Координати40°35′N 24°10′E / 40.58° СГШ; 24.17° ИГД / 40.58; 24.17
Главни приливиДраматица, Панега и др.
Главни истециДраматица
Сливни земјиГрција
Површина&010101010101010101010101010101412999999116 - 159 км2
Надм. височина45 м

Географија

уреди

Блатото се наоѓало во Драмското Поле и опфаќало површина од 116 - 159 км2.[1] Се образувало со водите на реките Драматица, Панега, Бунарбаши и други. Во летните месеци водата во него значително се намалувала, бидејќи мочурливите краишта во горниот дел на Драматица се исушувале[1] до тој степен што понекогаш можело да се мине низ самото блато во правец од исток кон запад.[2] Местата ослободени од вода биле особено плодни, откаде и доаѓа самото име на блатото (т.е. од „бериќет“).[2] На подрачјето била мошне развиена и трговијата со лекарски пијавици, кои се среќавале во изобилство по мочурливата околина.[2][3]

Главни дотеци на некогашното езеро доаѓале од карстните карпи во подножјето на ридот Бунарбаши, од каде извираат неколку бујни извори.[4] Нивните води некогаш се влевале непосредно во блатото, со тоа што најголем удел имал истоимениот извор Бунарбаши.[4] Од овој извор кон блатото порано течела мала, но релативно полноводна река, со длабоко и земјесто корито.[4] Водата од Берекетли Ѓол истекувала на северозапад низ Драмското Поле, а образуваната рекичка имала мочурливи брегови поради малиот наклон и со тоа, бавниот тек.[4]

Историја

уреди

Антика

уреди

Според натпис од времето на Александар Македонски, откриен од британскиот археолог Џон Бизли на почетокот од XX век, во антиката имало обид за исцедување на бројните моклишта околу езерото со цел да се спречи ширењето на маларија и други болести. За овие обиди сведочи Теофраст, кој ја опишал областа како поплавена и обрасната со пловна вегетација.[1]

Поради поволните водни живеалишта, риболовот бил многу развиен, спомнат од Херодот и од други автори по V век п.н.е.[1]

Исцедување

уреди

Со потпишувањето на Лозанскиот договор, грчката држава почнала со цедењето на Берекетли Ѓол во полза на новодојденците од Мала Азија. Тоа е наполно исцедено во периодот од 1930 до 1935 г., користејќи ги услугите на американските претпријатија „John and Sons“ и „Ulen and Company“ откако бил потпишан договор во 1929 г.[1] Постепеното исцедување на езерото започнало во пролетта 1930 г. со изградбата на брана кај селото Баница и канал до реката Струма, со што се откриени илјадници декари обработлива површина. На негово место е добиено плодно земјиште за стопански цели.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Νάτσης, Γιώργος (30 април 2022). „Η αποξήρανση της Πρασιάδας λίμνης του Δραμινού βάλτου“. DRAMAnia. Посетено на 14 септември 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 Кънчов, Васил (1911). Орохидрография на Македония. Пловдив: Печатница на Хр. Г. Данов. стр. 155.
  3. Бендерев, Анастас (1890). Военная топографiя и статистика Македонiи и сосѣднихъ съ нею областей Балканскаго полуострова. Санкт Петербург: Военная Типографiя (въ зданiи Главнаго Штаба). стр. 258.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Кънчов, Васил (1911). Орохидрография на Македония. Пловдив: Печатница на Хр. Г. Данов. стр. 156.