Декар

(Пренасочено од Декари)

Декар (да) — мерна единица за површина, најчесто за земја. Еден декар е еднаков на 10 ара, т.е. 1000 квадратни метри. Иако е основна единица, арот бил дефиниран според постарите единици на метричкиот систем, но денес не е дел од системот SI. Неговата употреба заедно со СИ единици е прифатена, но не се препорачува.

Декарот се користи ретко во светот, освен во Норвешка и земјите кои порано биле под турска власт (вклучувајќи ја и Македонија); Декарот приближно се совпаѓа со византиската стрема и отоманскиот дољум, а прецизно се совпаѓа со метричката стрема и метричкиот дољум.

Претворање

уреди