Бенигна хиперплазија на простатата

Бенигна хиперплазија на простатата (БХП) е неканцерозно зголемување на простатата.[1] Симптомите може да вклучуваат често уринирање, тешкотии во иницирање мокрење, слаб млаз на урина, уринарна ретенција, или уринарна инконтиненција.[1] Компликации кои можат да настанат се инфекции на уринарниот тракт, камења во мочниот меур и хронични проблеми со бубрезите.[2]

Бенигна хиперплазија на простатата
СинонимиДоброќудна хиперплазија на простатата
Дијаграм на нормална простата (лево) и бенигна хиперплазија на простатата (десно)
СпецијалностУрологија
СимптомиЧесто уринирање, тешкотии во иницирање мокрење, слаб млаз на урина, уринарна ретенција, уринарна инконтиненција[1]
КомпликацииИнфекции на уринарниот тракт, камења во мочниот меур, хронични проблеми со бубрезите[2]
Вообичаена појаваНад 40 години[1]
ПричинителиНејасни[1]
Ризик-факториСемејна историја, гојазност, дијабетес тип 2, недоволна физичка активност, еректилна дисфункција[1]
Дијагностички методВрз основа на симптомите и направениот преглед по отфрлање на други можни причинители[2]
Диференцијална дијагнозаСрцева слабост, дијабетес, рак на простата[2]
ЛекувањеПромени во животниот стил, лекови, голем број на процедури, хирургија[1][2]
ЛековиАлфа блокатори како теразосин, 5α-редуктаза инхибитори како финастерид[1]
Честота105 милиони на глобално ниво (2015)[3]

Причината за појава на БХП не е позната.[1] Ризичните фактори вклучуваат семејната историја, гојазност, дијабетес тип 2, недоволна физичка активност, и еректилна дисфункција.[1] Лекови како псевдоефедрин, антихолинергици, и блокатори на калциумовите канали може да ги влошат симптомите.[2] Основниот механизам вклучува притискање на уретрата од страна на простатата со што се отежнува протокот на урина од мочниот меур.[1]

Опциите за лекување вклучуваат промени во животниот стил, лекови, голем број на процедури, и хирургија.[1][2] Кај оние со поблаги симптоми се препорачува намалување на телесната тежина, вежбање, и намалување на внесот на кофеин.[2] Кај оние со посериозни симптоми лековите може да вклучуваат алфа блокатори како теразосин или 5α-редуктаза инхибитори како финастерид.[1] Хируршко отстранување на дел од простатата може да се изведе кај оние кај кои нема подобрување на симптомите со останатите мерки.[2]

Околу 105 милиони луѓе во светот имаат БХП.[3] БХП обично започнува по 40 година.[1] Половина од мажите над 50 години се афектирани.[2] После 80 година околу 90% од мажите се погодени.[1] Иако нивоата на простата-специфичен антиген можат да бидат покачени кај мажи со БХП, состојбата не го зголемува ризикот за појава на рак на простатата.[4]

Менаџмент

уреди

Лекови

уреди

Две главни класи на лекови кои се користат во третманот на БХП се алфа блокаторите и 5α-редуктаза инхибиторите.[5]

Алфа блокатори

уреди

Селективните α1-блокатори се најчестиот избор за првична терапија.[6][7][8] Тука спаѓаат алфузосин,[9][10] доксазосин,[11] силодосин, тамсулозин и теразосин. Користа од нивната употреба е мала до умерена.[12] Сите пет се подеднакво ефикасни но имаат различни профили на несакани ефекти.[13] Алфа блокаторите вршат релаксација на мазните мускули во простатата и вратот на мочниот меур, со што ја намалуваат блокадата на протокот на урина. Чести несакани ефекти на алфа блокаторите вклучуваат ортостатска хипотензија (појава на вртоглавица при станување или истегнување), промени во ејакулацијата, еректилна дисфункција,[14] главоболка, назална конгестија, и слабост.

5α-Редуктаза инхибитори

уреди

5α-редуктаза инхибиторите, како финастерид и дутастерид се користат во третман на БХП.[15] Овие лекови вршат инхибиција на ензимот 5α-редуктаза, со што се инхибира продукцијата на DHT, хормон одговорен за зголемувањето на простатата. За појава на ефектите потребно е подолго време во споредба со алфа блокаторите, но нивното времетраење може да биде и до повеќе години.[16]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 „Prostate Enlargement (Benign Prostatic Hyperplasia)“. NIDDK. септември 2014. Архивирано од изворникот на 4 октомври 2017. Посетено на 19 октомври 2017.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Kim, EH; Larson, JA; Andriole, GL (2016). „Management of Benign Prostatic Hyperplasia“. Annual Review of Medicine (Review). 67: 137–51. doi:10.1146/annurev-med-063014-123902. PMID 26331999.
  3. 3,0 3,1 GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
  4. Chang, RT; Kirby, R; Challacombe, BJ (Apr 2012). „Is there a link between BPH and prostate cancer?“. Practitioner. 256: 13–6, 2. PMID 22792684.
  5. Silva, J; Silva, CM; Cruz, F (January 2014). „Current medical treatment of lower urinary tract symptoms/BPH: do we have a standard?“. Current Opinion in Urology. 24 (1): 21–8. doi:10.1097/mou.0000000000000007. PMID 24231531.
  6. Roehrborn, Claus G.; Nuckolls, James G.; Wei, John T.; Steers, William; BPH Registry and Patient Survey Steering Committee (2007). „The Benign Prostatic Hyperplasia Registry and Patient Survey: study design, methods and patient baseline characteristics“. BJU International. 100 (4): 813–9. doi:10.1111/j.1464-410X.2007.07061.x. PMID 17822462.
  7. Black, L; Naslund, MJ; Gilbert Jr, TD; Davis, EA; Ollendorf, DA (2006). „An examination of treatment patterns and costs of care among patients with benign prostatic hyperplasia“. The American journal of managed care. 12 (4 Suppl): S99–S110. PMID 16551208.[мртва врска]
  8. Hutchison, A; Farmer, R; Verhamme, K; Berges, R; Navarrete, R (2007). „The Efficacy of Drugs for the Treatment of LUTS/BPH, A Study in 6 European Countries“. European Urology. 51 (1): 207–15 discussion 215–6. doi:10.1016/j.eururo.2006.06.012. PMID 16846678.
  9. MacDonald, Roderick; Wilt, Timothy J. (2005). „Alfuzosin for treatment of lower urinary tract symptoms compatible with benign prostatic hyperplasia: A systematic review of efficacy and adverse effects“. Urology. 66 (4): 780–8. doi:10.1016/j.urology.2005.05.001. PMID 16230138.
  10. Roehrborn, Claus G (2001). „Efficacy and safety of once-daily alfuzosin in the treatment of lower urinary tract symptoms and clinical benign prostatic hyperplasia: a randomized, placebo-controlled trial“. Urology. 58 (6): 953–9. doi:10.1016/S0090-4295(01)01448-0. PMID 11744466.
  11. MacDonald, Roderick; Wilt, Timothy J.; Howe, R. William (2004). „Doxazosin for treating lower urinary tract symptoms compatible with benign prostatic obstruction: a systematic review of efficacy and adverse effects“. BJU International. 94 (9): 1263–70. doi:10.1111/j.1464-410X.2004.05154.x. PMID 15610102.
  12. Wilt, TJ; Mac Donald, R; Rutks, I (2003). „Tamsulosin for benign prostatic hyperplasia“. The Cochrane Database of Systematic Reviews (1): CD002081. doi:10.1002/14651858.CD002081. PMID 12535426.
  13. Djavan, Bob; Marberger, Michael (1999). „A Meta-Analysis on the Efficacy and Tolerability of α1-Adrenoceptor Antagonists in Patients with Lower Urinary Tract Symptoms Suggestive of Benign Prostatic Obstruction“. European Urology. 36 (1): 1–13. doi:10.1159/000019919. PMID 10364649.
  14. Santillo, VM; Lowe FC (2006). „Treatment of benign prostatic hyperplasia in patients with cardiovascular disease“. Drugs and Aging. 23: 795–805. doi:10.2165/00002512-200623100-00003. PMID 17067183.
  15. Blankstein, U; Van Asseldonk, B; Elterman, DS (февруари 2016). „BPH update: medical versus interventional management“ (PDF). The Canadian Journal of Urology. 23 (Supplement 1): 10–15. PMID 26924590. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 август 2016.
  16. Roehrborn, C; Bruskewitz, R; Nickel, J; McConnell, J; Saltzman, B; Gittelman, M; Malek, G; Gottesman, J; и др. (2004). „Sustained Decrease in Incidence of Acute Urinary Retention and Surgery With Finasteride for 6 Years in Men With Benign Prostatic Hyperplasia“. The Journal of Urology. 171 (3): 1194–8. doi:10.1097/01.ju.0000112918.74410.94. PMID 14767299.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори