Белене (остров)

остров

Остров Белене или остров Персин — најголемиот остров во бугарските води. Островот е формиран во реката Дунав делејќи го текот на реката на две страни што минуваат северно и јужно од него.

Белене
Поглед кон островот
Географија
Координати43°40′12″N 25°11′24″E / 43.67000° СГШ; 25.19000° ИГД / 43.67000; 25.19000
Држава
ЗемјаПлевен

Местоположба

уреди

Островот Белене се наоѓа во областа Плевен, Општина Белене, Бугарија. Меѓународната граница помеѓу Бугарија и Романија го следи северниот дел на реката и затоа островот Белене целосно е дел од бугарската територија. Островот се создал како соединување на неколку помали острови.

Податоци

уреди

Островот е долг 14,5 километри и достигнува 6 километри ширина. Островот Белене е четврти најголем Дунавски остров со плоштина од 41,1 км2, правејќи го најголемиот бугарски остров. За време на голема плима, делови од островот се потопени. Островот е поврзан со градот Белене со понтонски мост.

Островот е познат по озлогласениот концентрационен логор кој функционирал во периодот од 1949 до 1990 година, каде биле држени политички затвореници. Затворот Белене сѐ уште работи како затвор во западниот дел на островот, додека источниот дел е природен резерват.

Видови

уреди

Островот Белене е дел од Комплексот Острови Белене и од Природниот парк Персина, дом на повеќе од 170 видови ретки птици, како што се црн ибис, мал корморан, мало свраче и други. Флората на островот Белене е претставена со врби, тополи и аспенс. Има и некое обработливо земјиште. Островот е формиран од алувијални седименти.

Надворешни врски

уреди
  • „БЕЛЕНЕ , Персин“. Българска енциклопедия А-Я (бугарски). БАН, Труд, Сирма. 2002. ISBN 954-8104-08-3. OCLC 163361648.