Бездомна нација (изворно на англиски: Homeless Nation) ― непрофитна организација со седиште во Монтреал, Квебек, Канада. Со цел да биде премостен дигиталниот јаз, режисерот на документарни филмови, Даниел Крос ја создал мрежната страницаHomelessNation.org“ во 2003 година. Како мрежна страница од и за бездомниците, ресурсот им дава можност на луѓето на улица да го контролираат сопствениот глас и да ја вклучат јавноста во безбеден и поддржувачки форум. Теренските работници на страницата учат сметачки и медиумски вештини за да си го олеснат самоизразувањето и вклучувањето на заедницата. Подобреното знаење и самодовербата им помагаат на поединците да направат поздрав животен избор и да го направат преодот да се тргнат од улица. Проектот директно влијаел на илјадници поединци низ Канада и сега добива на меѓународно место. Проектот освоил 4 големи награди за информациски и комуникациски технологии, вклучувајќи ја и престижната награда на Светскиот самит.

За организацијата

уреди

HomelessNation.org е непрофитен семрежен потфат кој започнал во 2006 година.[се бара извор] Тоа е канадски национален собирен глас од и за канадското бездомно население. Основан бил од режисерот на документарни филмови Даниел Крос (извршен продуцент), заедно со неговиот партнер во филмското претпријатие, Мила Аунг-Твин (продуцент), Брет Гејлор (филмски режисер и семрежен архитект) и Ануј Хосла (администратор). Има голем број места во Канада, вклучувајќи ги Монтреал (Квебек), Сент Џонс (Њуфаундленд), Викторија и Ванкувер (Британска Колумбија).[се бара извор]

Работниците на „Бездомна нација“ низ Канада работат на различни начини во соработка со заедницата на бездомници во прифатилишта, дневни центри, сквотници, на протести, настани во заедницата, на улица и на интернет. Исто така, посветено е да биде осигурано дека дигиталните алатки за медиуми, учење и општење се достапни за бездомниците Канаѓани со поставување дарувани сметачи во прифатилишта и центри за престој, со што се обезбедувани можности за создавање звучни, видливи или пишани препораки.[се бара извор]

Според службеното мрежно место на организацијата, „Бездомна нација“ има за цел градење и зајакнување на заедниците, виртуелни и вистински, низ Канада, обезбедувајќи пристап до интернет, медиуми и обука на канадското бездомно население, поттикнувајќи разговори и учење за општествените прашања околу бездомништво. Исто така, се обидува да создаде дијалог меѓу канадското бездомници и општото општеството за да се спротивстави на изолацијата и маргинализацијата, ја рециклира и повторно наменува технологијата за употреба од заедниците на бездомници во Канада и се обидува да ги сруши стереотипите и пречките во општеството.[1]

Основана е од Даниел Крос, документарен режисер чии филмови се занимаваат со општествена правда и канадските бездомници. Тој ги снимил филмовитеУлицата: Филм со бездомниците“ („The Street: A Film with the Homeless“) и „Ветробрански бришачи копуци во сообраќајот“ („S.P.I.T: Squeegee Punks in Traffic“), каде стотици бездомници од Монтреал ги споделиле своите многубројни неверојатни приказни со него.[се бара извор] Од филмот излегол идејниот форум, каде што овие приказни нема да се изгубат и каде заедницата на бездомници во Канада може да ги сподели своите приказни и да одбие да биде игнориран.[2][3]

Награди

уреди
  • Награда на Светскиот самит за е-вклучување и учество во 2009 година[4]
  • Награда за нови медиуми за 2009 година[5]
  • Канадска награда за нови медиуми за 2008 година[6]
  • Награда за истражување на Друштвото за нови општења за 2008 година[7]

Наводи

уреди
  1. Aims of "Homeless Nation according to official web site
  2. Mediacaster Magazine
  3. The Tyee
  4. World Summit Awards official website
  5. New Media Award official site
  6. „Canadian New Media Awards“. Архивирано од изворникот на 2009-03-01. Посетено на 2009-09-03.
  7. „SNCR.org“. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 2024-06-07.

Надворешни врски

уреди