Мрежна страница

Мрежна страница (или „веб-страница“, од англиски: web page) е специфична колекција на информации обезбедени од мрежно место и прикажана на корисник во прелистувач. Мрежното место вообичаено се состои од повеќе мрежни страници поврзани заедно на разбирлив начин. Името „мрежна страница“ е метафора за хартиени страници поврзани заедно во книга.

Почетна страница на мрежното место usap.gov

ЕлементиУреди

Основниот елемент на мрежна страница е еден или повеќе текстуални документи напишани во HTML.[1] Многу мрежни страници исто така користат JavaScript код за динамички приказ и Cascading Style Sheets (CSS) код за презентациско значење.[1] Фотографии, видеа и други мултимедијални документи се исто така вметнати во мрежните страници.

НавигацијаУреди

Секоја мрежна страница е определена од посебен URL. Кога корисникот внесува URL во неговиот прелистувач, елементите на таа мрежна страница се превземаат од мрежен опслужувач. Прелистувачот тогаш ги прикажува сите елементи во интерактивен визуелен приказ на корисничкиот уред.[2]

Ако корисникот кликне или допре врска до друга страница, прелистувачот го повторува овој процес за да ја прикаже новата страница, која може да биде дел од моменталното мрежно место или некое различно.

РазвивањеУреди

Од гледна точка на развој на мрежно место од серверска страна, постојат два вида на мрежни страници: статични и динамични. Статичните страници се вчитуваат од податотечниот систем на мрежниот опслужувач без никакви промени,[3] додека динамичните страници мора да бидат создадени од мрежниот опслужувач непосредно, вообичаено црпејќи од база на податоци за да пополни мрежна предлошка, пред да ги испрати до корисничкиот прелистувач.[4]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Flanagan, David. JavaScript - The definitive guide (изд. 6.). стр. 1. JavaScript is part of the triad of technologies that all Web developers must learn: HTML to specify the content of web pages, CSS to specify the presentation of web pages and JavaScript to specify the behaviour of web pages.
  2. „Behind the scenes of modern web browsers“. Tali Garsiel. Посетено на 2018-04-21.
  3. Melendez, Steven (10 август 2018). „The Difference Between Dynamic & Static Web Pages“. Chron. Архивирано од изворникот (html) на 20 март 2019. Посетено на 20 март 2019. Static by definition means something that does not change. The first pages on the World Wide Web were largely static and unchanged, delivering the same information about a particular topic to anyone who visited. In some cases, sites may evolve slightly over time but are still largely static, meaning that they only change when manually changed by their creators, not on a regular and automated basis.
  4. „Definition of: dynamic Web page“. PC Magazine. Архивирано од изворникот (html) на 17 јануари 2017. Посетено на 20 март 2019. A Web page that provides custom content for the user based on the results of a search or some other request.