Беверн (Холцминден)
Беверн (германски: Bevern) — општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Беверн | |
Замокот Беверн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Холцминден |
Месна заед. | Беверн |
Месни единици | 5 |
Градоначалник | Буркхард Дариер (СлДП) |
Основни податоци | |
Површина | 33,23 км2 |
Надм. височина | 138 м |
Население | 3.864 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 116 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HOL |
Пошт. бр. | 37639 |
Повик. бр. | 05531 |
Портал | www.bevern.de |
Местоположба на Беверн во рамките на округот Холцминден | |
Координати | 51°52′0″N 9°30′0″E / 51.86667° СГШ; 9.50000° ИГД |
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија
уредиБеверн се наоѓа на реката Везер близу нејзиниот влив со притоката Бевербах. Во општината влегуваат селата Беверн, Форст, Делме, Лобах, Литгенаде и Рајлајфцен.
Историја
уредиСаксонската населба „Бујеран“ (Byueran) била првпат спомената во списокот на Опатијата Корвај во 822 година. Изградбата на црквата била спомената во 1501 година; била осветена од келнскиот надбискуп Херман IV во 1506 година.
Знаменитост
уредиОпштината е позната по својот замок (Schloss Bevern), ренесансен дворец изграден како велепоседничка куќа во периодот 1603 до 1612 година. Бил купен од велфските војводи на Брауншвајг-Линебург во текот на Триесетгодишната војна во 1633 година и градбата служела како резиденција на помладата линија, позната како Брауншвајг-Беверн, од 1668 година до крајот на XVIII век.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Беверн (Холцминден) на Ризницата ?
- Замок Беверн (германски)
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |