БРИКС
БРИКС (англ. BRICS) — меѓународна политичка организација на водечките сили во развој и наследник на претходната организација БРИК, укината со вклучувањето на Јужноафриканската Република (ЈАР) во 2010. Сегашните[1] пет земји-членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР (BRICS = Brazil, Russia, India, China и South Africa).[2] Со исклучок на Русија,[3] членките на БРИКС се земји во развој што се сметаат за нови сили поради нивните големи стопанства и значајно влијание во регионалните и меѓународните случувања. Во нив живее речиси една половина од светското население, со збирен БДП од 13,6 трилиони долари,[4] и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари.[5]
Претставници на BRICS на самитот во 2023, од лево кон десно: Лула да Силва, Си Џинпинг, Сирил Рамафоса, Нарендра Моди, и Сергеј Лавров | |
Легенда:
Земји-членки | |
Кратенка | BRICS |
---|---|
Именувана по | Иницијалите на основачките земји (на англиски) |
Вид | Меѓународна организација |
Цел | Политичка и економска |
Членство | |
Мреж. место | https://brics2023.gov.za/ |
Претседателот на Кина Ху Ѓинтао изјавил дека земјите од БРИКС се бранители и застапници на земјите во развој и поборници за мир светот.[6] Меѓутоа, некои аналитичари велат дека постојат и знајачни спорни теми во рамките на организацијата, особено несогласувањата помеѓу Кина и Индија за статусот на Тибет.[7]
Историја
уредиВо септември 2006, шефовите на дипломатиите на првичните четири членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) се состанале во Њујорк, започнувајќи низа средби на високо ниво.[8] Како целина, членките на организацијата за првпат се состанале на 16 мај 2008 во Екатеринбург, Русија.[9]
Самити на БРИКС
уредиГрупата одржува годишен самит секоја година од 2009 наваму. Пред приклучувањето на ЈАР, БРИК одржале два самита: во 2009 и 2010 г. Првиот самит на петчлената група БРИК е одржан во 2011, проследен од најновиот, одржан на 29 март 2012 во Индија.[10]
Самит | Учеснички | Датум | Домаќин | Државник-домаќин | Град |
---|---|---|---|---|---|
I | БРИК | 16 јуни 2009 | Русија | Димитриј Медведев | Екатеринбург |
II | БРИК | 16 април 2010 | Бразил | Луиз Игнасио Лула да Силва | Бразилија |
III | БРИКС | 14 април 2011 | Кина | Ху Ѓинтао | Санја |
IV | БРИКС | 29 март 2012 | Индија | Манмохан Синг | Њу Делхи |
V | БРИКС | 2013 | ЈАР | Џејкоб Зума | сн |
Земји-членки
уредиЕве табела со земјите-членки на БРИКС, нивните водачи, министери за финансии и гувернери на централните банки. Дадени се и податоци за бруто-домашниот производ (БДП) и индексот на човековиот развој (ИЧР) на секоја членка.
Членка | Водач | Мининстер за финансии | Гувернер на централната банка | БДП/жит во 2011 (ном·ПКМ) $USD[4] |
ИЧР во 2011[11] | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бразил | Претседател | Дилма Русев | Министер за финансии | Гвидо Мантега | Александре Томбини | 12.916 | 11.845 | 0,718 |
Русија | Претседател | Владимир Путин | Министер за финансии | Антон Силуанов | Сергеј Игнатјев | 13.235 | 16.687 | 0,755 |
Индија | Премиер | Манмохан Синг | Министер за финансии | Пранаб Мукерџи | Дувури Субарао | 1.527 | 3.703 | 0,547 |
Кина | Претседател | Ху Ѓинтао | Министер за финансии | Сјие Сјижен | Џоу Сјаочуан | 5.183 | 8.394 | 0,687 |
ЈАР | Претседател | Џејкоб Зума | Министер за финансии | Правин Гордан | Гил Маркус | 8.342 | 10.977 | 0,619 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Податок од 2012 г.
- ↑ Нова епоха со приклучувањето на ЈАР кон БРИКС - southAfrica.info (англиски)
- ↑ „Русија-ООН“. Министерство за надворешни работи на Руската Федерација.
Русија и други развиени земји ги потврдија заложбите да им помагаат на земјите во развој
, 17 октомври 2011 (англиски) - ↑ 4,0 4,1 ММФ, септември 2011 (англиски)
- ↑ „Во подемот на БРИКС и Арапската пролет, нови облици на глобален поредок“ - Christian Science Monitor, 18 октомври 2011 (англиски)
- ↑ „Според Кина, БРИКС се поборници за мир во светот“. Business Day. Посетено на 29 март 2012.
- ↑ „Самитот на БРИКС го изложи високиот ѕид помеѓу Индија и Кина“ Архивирано на 2 април 2012 г. - Asia Times", 2 април 2012 (англиски)
- ↑ „BRICS information portal“. BRICS (англиски). Посетено на 2018-02-14.
- ↑ Соработка во рамките на БРИК- kremlin.ru. пров. 16 јуни 2009 19 јуни 2009 (англиски)
- ↑ БРИКС: IV Самит во Њу Делхи Архивирано на 25 март 2012 г. - Министерство за надворешни работи на Индија. пров. 21 март 2012 (англиски)
- ↑ „Извештај за човековиот развој во 2011 г.– Статистички прилог за ЧР“ (PDF). Извештајна служба за човекивот развој на УНДП. стр. 127–130. Посетено на 2 ноември 2011. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Информативен центар на БРИКС - Универзитет на Торонто (англиски)
- САД треба да учи од новите сили во економската арена како Индија и Бразил Архивирано на 15 октомври 2011 г. - Ројтерс (англиски)