Ахобланко
Ахобланко шпанска ладна кремаста супа со бела боја од сирови бадеми, типично јадење во Гранада и Малага, како и во Екстремадура[1]. Ова јадење е слично на газпачо, кое ги содржи четирите главни состојки: вода, масло, лук и леб. Супата Ахобланко се претпоставува дека потекнува од кујната на Ал-Андалус, имајќи предвид дека главната состојка се бадемите. Измислен е или во Севиља или во Малага, иако точното потекло не е познато. Годишниот фестивал Ахобланко се одржува на почетокот на септември во градот Алмачар во провинцијата Малага[2]. Ахобланко понекогаш се нарекува „бел гаспачо“ [3].
Ахобланко се прави со следниве состојки: леб, мелени бадеми, лук, вода, маслиново масло, сол, а понекогаш и оцет. Лебот обично е застарен и натопен преку ноќ. Бадемите и лукот се мешаат (понекогаш со оцет) со аван и толчник до конзистентност на пастата. Во смесата се додаваат вода и маслиново масло и се матат додека не се напарви смеса како емулзија. Во време на недостиг, како што е повоениот период, бадемите биле заменети со брашно од сушен грав. Од неодамна, за мелење на состојки се користи (првенствено блендер).
Обично се служи со слатко мускатно грозје или зрели парчиња диња[4] . Во некои области на Гранада, ахобланко се служи со печени компири, во тој случај супата се прави малку помалку густа за да може да се пие директно од чаша. Во Малага, ахобланкосите се украсуваат со парчиња друго свежо овошје, како што се јаболката или дињата, покрај грозјето.
Екстремадурското ахобланко ( шпански: ajoblanco extremeño ) се разликува од традиционалната андалусиска верзија на јадењето: во него се додава жолчка од јајце, како и зеленчук (домати, краставици итн. ); сепак не секогаш се додаваат бадеми[5][6]
Наводи
уреди- ↑ „Ajo Blanco Extremeño“. Архивирано од изворникот на 2011-06-13. Посетено на 23 март 2010. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Fiesta de ajoblanco[мртва врска]Предлошка:Недоступная ссылкаПредлошка:Ref-es
- ↑ „Ajo Blanco - White Gazpacho | Cook (almost) Anything at Least Once“. Cookalmostanything.blogspot.com. 2007-03-23. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2018-07-06. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Ричардсон 2009.
- ↑ „Ajoblanco extremeño — — Receta — Canal Cocina“. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2020-11-10. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); no-break space character во|title=
во положба 20 (help) - ↑ Ajo Blanco Extremeño
Литература
уреди- С. Синельников, Т. Соломоник, И. Лазерсон. Малагский ахо бланко // Испания. Кулинарный путеводитель. — М.: Центрполиграф, 2002. — С. 283. — 432 с. — (Весь мир на тарелке). — ISBN 5-7589-0035-4.
- Наталья Шинкарёва, Надежда Бондаренко. Ахобланко // Кулинарная энциклопедия / Ольга Ивенская. — Litres, 2017. — Т. 1.
- Ричардсон П. Кадис и Малага // Испания. Поздний обед / пер. с англ. Е. Топчий. — СПб.: Амфора, 2009. — С. 106. — 413 с. — (АМФОРА TRAVEL). — ISBN 978-5-367-01213-2.
- Charles Sinclair. sopa blanca // Dictionary of Food: International Food and Cooking Terms from A to Z. — Second Edition. — London: A & C Black, 2004. — P. 541. — 632 p. — ISBN 978-1-4081-0218-3.