Аугуст фон Платен
Аугуст фон Платен (германски: Karl August Georg Maximilian Graf von Platen-Hallermünde, 24 октомври 1796 - 5 декември 1835 ) — гроф и германски писател.
Како поручник се откажал од војничката должност и се посветил на филологијата и филозофијата. Во 1826 се преселил во Италија. Како класицист, ги почитувал Хорациј и Пиндар, а во полето на комедијата се угледувал на Аристофан. Ги поддржувал либералните идеи, па затоа бил на страна на полјаците кои се бореле против руското царство. Бил против апсолутизмот, а исто така бил почитуван од Енгелс поради узвишеноста на неговите мисли и неговата племенитост. Пишувал историски песни, балади, романси, оди и химни.
Значење и влијание
уредиГете имал високо мислење за Платен, велејќи дека тој ги има сите неопходни особини за добар поет: фантазија, инвенција, висок дух и продуктивност, совршено техничко образование, студиозност и сериозност. Единствено, како негов недостаток ја истакнал полемичката насока во неговите дела. исто така, според Гете, на Платен му недостасува љубов, сметајќи дека тој малку се сакал себеси, другите писатели и читателите. Гете ги читал песните на Платен и отворено го истакнувал неговата голема дарба, но сметал дека тој никогаш не постигнал голем успех токму поради недостатокот од љубов, т.е. тој бил осуден да го обожаваат само оние кои се негативни како него, но кои ја немаат неговата дарба.[1]
Наводи
уреди- ↑ J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 60.