Аугуст Кунт
Аугуст Адолф Едуард Еберхард Кунт (јазик германски|August Adolf Eduard Eberhard Kundt; Шверин, 18 ноември 1839 — Израелсдорф, 21 мај 1894) бил германски физичар.
Аугуст Кунт | |
---|---|
Аугуст Адолф Едуард Еберхард Кунт | |
Роден(а) | = ноември 18, 1839 Шверин Германија |
Починал(а) | мај 21, 1894 Израелсдорф Германија |
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Установи | Берлински Универзитет Циришки политехник |
Образование | Берлински Универзитет |
Докторски ментор | Хајнрих Густав Магнус |
Значајни студенти | Франц С. Екснер |
Познат по | Магнетно-оптички ефекти Аномална дисперзија |
Влијаел врз | Ричард Адолф Цигмонди |
Кунт е роден во Шверин во Мекленбург. Своите научни студии ги започнал во Лајпциг, но после отишол на Универзитетот во Берлин. На почетокот се посветил на астрономијата, но под влијанието на Хајнрих Густав Магнус, се окренал на физика и дипломирал во 1864 година со тезата за деполаризацијата на светлост.
Во 1867 година, станал приватдоцент на берлинскиот универзитет, а наредната година е избран за професор по физика во Циришка политехничка школа; потоа, после година или две проведени во Вирцбург, бил повикан во 1872 година во Стразбур, каде играл голема улога во организацијата на новиот универзитет, а учествувал и во подигањето на физичкиот институт. Конечно, 1888 година, отишол во Берлин како Хелмхолцов наследник на местото кое било за председавање за експериментална физика и директор на берлинскиот физички институт. Умрел после одлеганата болест во Израелсдорф, блиску до Либек, 21 мај 1894 година.
Како истражувач, Кунт бил особено успешен во областите на звук и светлост. Во 1866 година, развил вреден метод за проучавање на ваздушните таласи во цевките, заснован на фактот дека фино распоредена пудра, на пример ликоподиум, кога е расипан во внатрешноста на цевка во која се успоставува вибрирајќи столб во ваздух, кој натежнува да се собира на купчиња кај јазлите, па со тоа е мошно да се најде растојание помеѓу тие јазли. Воопштувањето на тој метод омозвожува одредување на брзината на звук во различни гасови. Во област на светлоста, Кунтовото име е најпознато по неговите истражувања на полето на аномалична дисперзија, не само во течности и гасови, туку и во металите. Исто така направил многу огледи во магнето-оптиката и успеал да го покаже она што Мајкл Фарадеј не успеал да примети - ротација на рамна поларизација кај одредени гасови под влијание на магнетна сила.
Литература
уреди- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е