Д-р Атанас Грков ( 1934 во Ваташа7 октомври 1988 во) — познат македонски доктор (Примариус), со чин полковник, одликуван со Орден за воени заслуги.[1]

Животопис

уреди

Гимназија завршил во Кавадарци, а од 1953 година студирал на Медицинскиот факултет во Скопје, на кој дипломирал на 25 март 1961 година. Бил воен стипендист. Неговото прво вработување било во Вучитрн, Косово (СР Србија), откако претходно завршил приправнички стаж во Воената болница во Скопје. Специјализирал интерни болести на ВМА во Белград, а се специјализирал за кардиологија и токсикологија. Работел на Интерното одделение при Воената болница во Скопје. Во 1976 година бил назначен за шеф на одделот за интензивна нега во Воената болница.[1]

На стручен план објавил поголем број на стручни трудови во ММП, во Билтенот на скопската Воена област итн. Има добиено звање Примариус, а по чин бил полковник. Во 1981 година има добиено Диплома од Здружението на Кардиолозите на СФРЈ за долгогодишна успешна работа на полето на кардиологијата. Д-р Грков бил одликуван со Орден за воени заслуги. Прим. Д-р Грков Атанас починал на 7 октомври 1988 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 409–410. ISBN 978-608-4621-04-1.